Македонија има потенцијал и соодветна администрација која може да ги води работните групи кои ќе учествуваат во првата фаза од пристапниот дијалог на високо ниво со Унијата. Но за упатените во оваа област, проблем може да биде селекцијата на луѓето кои ќе бидат во тие тимови. Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование се сомнева дека тимовите ќе ги водат и во нив ќе бидат вклучени соодветните луѓе.
„Јас се сомневaм кои ќе бидат тие луѓе таму, дали тоа ќе бидат вмровци или ќе бидат од ДУИ, мислам дека ДУИ нема тука амбиција да се „исфрла“ во делот на преговори, но повеќе ми е прашањето дали Груевски ќе и ги остави рацете одврзани на Теута Арифи за да може да создаде тимови.“
И универзитескиот професор Алајдин Демири се согласува дека има квалитетни луѓе кои успешно ќе ги завршат работите кои Европската комисија од нас ги бара, но истиот е уверен дека и овојпат наместо нив во тимовите ќе седнат партиски војници.
„Политичкиот дел, оној кој ќе интевенира и ќе ја прави таа селекција на оваа екипа е оној дел кој ја замешетува работата и ќе понуди ситни, политички, партиски вкусови и ќе понудат неквалитет, односно ќе понудат партиски војници.“
Димова се сеќава дека пред 3 години нејзината организација побарала да и се дадат имињата на членовите на работните групи кои беа вклучени во
Националната програма за преземање на европското законодавство. Освен што до имињата стигнале преку барање за пристап до јавни информации, откриле дека едно исто име се среќава во повеќе работни групи за различни области, понатаму немало ниту еден претставник на граѓанското општество, а дел од луѓето кои биле вклучени не ни знаеле дека се дел од тимовите.
„Па да ви кажам, ни помалку ни повеќе, туку повеќе од половината на кои им вртевме немаа ни блага престава дека се во таа група ставени, ни ништо. Не знаеа дека се ставени таму, тие ставиле некои имиња без да ги известат.“
Ваквото искуство, според Димова, го зголемува сомнежот дека и тимовите кои ќе бидат дел од техничкиот дијалог ќе бидат составени од несоосдветни луѓе кои ги немаат потребните знаења.
За разлика од Србија и Црна Гора, кои јавно ги објавија имињата на експертите кои ќе раководат со тимовите за време на дијалогот, кај нас се уште е непознат составот на тимовите.
Во првата фаза од техничкиот дијалог, европските експерти им го претставуваат правото на Европската унија на претставниците од Македонија, Србија и Црна Гора. Тимовите треба да се обидат да подготват што е можно подобар извештај за тоа што е преземено во областите кои се однесуваат на правосудството, основните човекови права, правдата, безбедноста и слободата.
Јас се сомневaм кои ќе бидат тие луѓе таму, дали тоа ќе бидат вмровци или ќе бидат од ДУИ, мислам дека ДУИ нема тука амбиција да се „исфрла“ во делот на преговори, но повеќе ми е прашањето дали Груевски ќе и ги остави рацете одврзани на Теута Арифи за да може да создаде тимови.Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.
„Јас се сомневaм кои ќе бидат тие луѓе таму, дали тоа ќе бидат вмровци или ќе бидат од ДУИ, мислам дека ДУИ нема тука амбиција да се „исфрла“ во делот на преговори, но повеќе ми е прашањето дали Груевски ќе и ги остави рацете одврзани на Теута Арифи за да може да создаде тимови.“
И универзитескиот професор Алајдин Демири се согласува дека има квалитетни луѓе кои успешно ќе ги завршат работите кои Европската комисија од нас ги бара, но истиот е уверен дека и овојпат наместо нив во тимовите ќе седнат партиски војници.
„Политичкиот дел, оној кој ќе интевенира и ќе ја прави таа селекција на оваа екипа е оној дел кој ја замешетува работата и ќе понуди ситни, политички, партиски вкусови и ќе понудат неквалитет, односно ќе понудат партиски војници.“
Димова се сеќава дека пред 3 години нејзината организација побарала да и се дадат имињата на членовите на работните групи кои беа вклучени во
Политичкиот дел, оној кој ќе интевенира и ќе ја прави таа селекција на оваа екипа е оној дел кој ја замешетува работата и ќе понуди ситни, политички, партиски вкусови и ќе понудат неквалитет, односно ќе понудат партиски војници.Алајдин Демири, универзитетски професор.