Дијалогот на високо ниво кој го започна ЕУ со Македонија продолжува в понеделник за кога е закажано доаѓањето на еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје. Ова е третата рунда од дијалогот кој на почетокот од неговото отварање беше најавена како последна, завршувајќи овој месец, иако сега портпаролот на Филе не сака да коментира кога тој би завршил.
Во последниот извештај што го објави СЕП се вели дека најголем број од активностите ќе завршат во септември и дека ќе останат активности кои ќе бидат пролонгирани и натаму. Во извештајот објавен кон крајот на јули, СЕП констатира дека е постигнат напредок во делот на слободата на изразување, јакнењето на капацитетот на јавното обвинителство и дека се подготвени измени во законот за судии, законот за следење на комуникациите, анализа на спроведувањето на рамковниот договор, нацрт-текст на законот за администрација и измени во изборниот законик, законот за финансирање на политичките партии и ревизија на избирачкиот список.
Од Брисел беше поздравен напредокот, иако не изостанаа и првите забелешки од ЕК преку Стефано Санино од типот „чекаме конкретни резултати“. Пред неколку дена од канцеларијата на еврокомесарот Филе се слушнаа оценки дека дијалогот дава резултати. Целта на овој дијалог е, како што појасни Брисел, приближување на Македонија кон исполнување на критериумите за членство.
За познавачите на состојбите, тој е само начин да се врати Македонија во играта по долгата стагнација на европскиот пат на кој не само што не успева со години по ред да добие датум за почеток на преговорите, туку и ги разнишува оценките кои според извештаите од ЕК доведоа до препораката за добивање датум. Задачите преку неговото отварање беа зајакнување на слободата на изразување, реформите во изборниот процес, владеење на правото, реформа на јавната администрација и зајакнување на пазарната економија. ЕУ му придава особено значење на отворањето на поглавјата 23 и 24 кои опфаќаат напредок во делот на правосудството и фундаменталните права како и правдата, слободата и безбедноста. Спектарот на овие подрачја е многу широк и во крајна линија е прашање на стандардите кои треба да ги исполни државата за приближување кон ЕУ и кои на некој начин водат низ демократска преобразба на општеството.
Денеска во Скопје, со поддршка на УНДП и гости од Хрватска беше отворен семинар за пренесување на искуствата во врска со ова преговарачко подрачје од оваа држава на кој присуствуваше и вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.
„Имајќи предвид дека станува збор за две многу чувствителни поглавја кои покриваат области кои се од суштествено значење за демократските процеси на земјата, навистина е важно да се зајакнат административните капацитети за водење на преговорите, бидејќи само на тој начин ќе бидеме сигурни дека сме ги избрале правилните решенија што се во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, рече Арифи.
В понеделник ќе се чујат оценките од еврокомесарот Филе за досегашниот наш напредок во овие подрачја. Следниот важен датум е објавувањето на годинашниот извештај на Европската комисија кој ќе го сумира постигнатото.
Имајќи предвид дека станува збор за две многу чувствителни поглавја кои покриваат области кои се од суштествено значење за демократските процеси на земјата, навистина е важно да се зајакнат административните капацитети за водење на преговорите, бидејќи само на тој начин ќе бидеме сигурни дека сме ги избрале правилните решенија што се во интерес на сите граѓани на Република Македонија.Теута Арифи, вицепремиерка за евроинтеграции.