Иднината на Македонија е во Европската унија и ние сме подготвени да помогнеме, но за да се оствари целта потребно е да бидат исполнети неопходните реформи и критериуми. Ова го порача претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј по денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов во Брисел. Ромпуј истакна дека со Иванов се согласиле за важноста на одржување на фокусот кој Македонија го има на патот кон ЕУ и постигнување на натамошни резултати во Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија.
„Ги поздравувам досега спроведените реформи и ги охрабрив напорите во врска со слободата на изразување, изборната реформа и меѓуетничките односи. Внатрешната стабилност и помирувањето за ПЈРМ, но и за регионот, остануваат најважни сегменти. Затоа сакаме целосна имплементација на Охридскиот договор и силно го поддржуваме духот и словото на овој договор, кој е од есенцијално значење за демократијата и владеењето на правото.“
Ромпуј и Иванов разговарале и за проблемот за името со Грција, при што претседателот на Советот на ЕУ го нагласил значењето на добрососедските односи во пристапниот процес кон ЕУ.
„Ги охрабрувам двете држави да продолжат со преговорите со цел изнаоѓање на заеднички прифатливо решение. ЕУ останува целосно посветена на европската иднина на ПЈРМ и ја поздравувам силната поддршка за евроинтегративниот процес во земјата и убеден сум дека успехот ќе биде постигнат кога важните прашања ќе бидат решени.“
Иванов изрази очекување дека евроинтегративниот процес на Македонија ќе се забрза и дека целта е земјата до крајот на годината да добие датум за почеток на преговорите, бидејќи тоа ќе биде силна порака за другите земји од регионот. Според Иванов, политиката на блокади не дава резултати и побарал од Ромпуј лично да се ангажира тие да бидат надминати за Македонија да го добие она што го заслужува.
Од опозицијата сметаат дека Иванов ја искористи посетата на Брисел само за повторување на политиките на владата. За владејачката ДУИ, пак, неговите активности ќе бидат без ефект, доколку не се решат проблемите кои го кочат евроатланскиот процес.
Ги поздравувам досега спроведените реформи и ги охрабрив напорите во врска со слободата на изразување, изборната реформа и меѓуетничките односи. Внатрешната стабилност и помирувањето за ПЈРМ, но и за регионот, остануваат најважни сегменти. Затоа сакаме целосна имплементација на Охридскиот договор и силно го поддржуваме духот и словото на овој договор, кој е од есенцијално значење за демократијата и владеењето на правото.Херман Ван Ромпуј, претседател на Советот на ЕУ.