Достапни линкови

Лобирањата без ефект, ако не се решат проблемите


Претседателот Ѓорге Иванов ја искористи посетата на Брисел само за повторување на политиките на владата, обвинува опозицијата. За ДУИ, посетата ќе биде без ефект, ако не се решават проблемите кои го кочат евроатланскиот процес.

Каква било активност на меѓународен план е позитивна и ги зголемува шансите на Македонија за остварување на конечната цел, влез во НАТО и ЕУ, велат во опозицијата и во владејачката ДУИ. Но, за опозицијата посетата на Брисел претседателот Ѓорге Иванов ја искористил само за повторување на политиките на владата. За владејачката партија ДУИ, пак, активностите на шефот на државата нема да имаат ефект, доколку не се работи на решавање на проблемите кои го кочат евроатланскиот процес.
Сосема е јасно дека Македонија нема никаква шанса за исчекор во НАТО и во ЕУ доколку не го реши основниот проблем, а на тој план нема практично никакво поместување, а претседателот цврсто стои на ставот дека Грција треба да попушти.
Тито Петковски, НСДП.

На средбите со високите преставници на НАТО и ЕУ на Иванов му беше порачано дека Македонија треба да продолжи со реформите и што побрзо да го реши проблемот со името.
Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со претседателот на Eвропарламентот Мартин Шулц во Брисел.
Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со претседателот на Eвропарламентот Мартин Шулц во Брисел.

Лидерот на НСДП Тито Петковски вели дека Иванов не успева да излезе од сенката на премиерот и автономно да ја води надворешната политика на Македонија.

„И тој ги повторува истите грешки и оди и тропа на отворена врата, а знаејќи го ставот на првите луѓе на ЕУ и на НАТО непотребно ја изложува Македонија на потсмев. Сосема е јасно дека Македонија нема никаква шанса за исчекор во НАТО и во ЕУ доколку не го реши основниот проблем, а на тој план нема практично никакво поместување, а претседателот цврсто стои на ставот дека Грција треба да попушти.“

Навистина треба да почнеме да се концентрираме на решавање на прашањата дома во делот на реформите за ЕУ и во делот на прашањето за името. Тоа нема да може да се постигне со убедување на кого било туку со конкретно решавање на проблемите и со чекорење напред.
Бујар Османи, ДУИ.
Од ДУИ посетата на Иванов и пораките од високите преставници на НАТО и ЕУ ги оценуваат како позитивни. Но, според потпаролот партијата Бујар Османи, средбите нема да бидат од помош доколку не се сконцентрираме на реформите и на прашањето со името.

„Ставот на ЕУ е постојан од кога ние го почнавме тој пат и тој ќе биде постојан. Навистина треба да почнеме да се концентрираме на решавање на прашањата дома во делот на реформите за ЕУ и во делот на прашањето за името. Тоа нема да може да се постигне со убедување на кого било туку со конкретно решавање на проблемите и со чекорење напред“, вели Османи.

Според Петковски, претседателот треба да го обедини народот околу решавањето на спорот со Грција.

„Место да се фокусира претседателот да го анимира целокупниот потенцијал во Македонија, политички, креативен, економски итн, да се обедини нацијата околу решавањето на овој проблем, непотребно и полупистички, националистички се игра на картата којашто за Македонија дефинитивно не е добитна.“

Иванов денеска се среќава со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј со што ја завршува тридневната посета на Брисел.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG