Достапни линкови

Македонија им дава аргументи на противниците


Eврокомесарот за проширување Штефан Филе ја нагласи потребата од одржување на добрососедските односи.
Eврокомесарот за проширување Штефан Филе ја нагласи потребата од одржување на добрососедските односи.

За експертите, ставовите на Бугарија и Грција кон нашата земја и нација не се ништо ново. Ново е тоа што ние им дадовме простор за игра на регионалните националистички и популистички структури.

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос ќе имаат средба во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН. Грција на оваа средба оди со ставот дека Атина „прави сè и е конструктивна во процесот за решавање на прашањето за името“.
Ние овде со она што го нарекуваме домашна политика, со проектите како Скопје 2014 и слично, практично им дадовме аргумент плус на оние кои со години ја кажуваат истата работа, дека Македонците не се автохтона нација и дека Македонија како држава е привремена или транзициона творба.
Стево Пендаровски, универзитетски професор, претседавач со Советот на СДСМ за безбедносни прашања и НАТО интеграции.

Во меѓувреме, во настапите на меѓународните претставници се акцентира потребата од одржување на добрососедските односи. Порака дека тие се приоритет кон кој сите треба да се стремиме упатија и еврокомесарот за проширување Штефан Филе и известувачот за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит.

За експертите, ставовите на Бугарија и Грција кон нашата земја и нација не се ништо ново. Ново е тоа што ние им дадовме простор за игра на регионалните националистички и популистички структури, анализира професор Стево Пендаровски, претседавач на Советот на СДСМ за безбедносни прашања и НАТО интеграции.
Некогаш ние даваме изговор за другите да не прогласуваат за виновни, со некои неумерени и неодмерени однесувања, а особено со некои поексплозивни изјави кои другата страна секако ги користи во свој интерес.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

„Ние овде со она што го нарекуваме домашна политика, со проектите како Скопје 2014 и слично, практично им дадовме аргумент плус на оние кои со години ја кажуваат истата работа, дека Македонците не се автохтона нација и дека Македонија како држава е привремена или транзициона творба.“

И политичкиот аналитичар Алберт Муслиу се согласува дека на влошените односи со соседите влијаеле одредени неумерени потези и изјави од страна на македонската Влада.

„Некогаш ние даваме изговор за другите да не прогласуваат за виновни, со некои неумерени и неодмерени однесувања, а особено со некои поексплозивни изјави кои другата страна секако ги користи во свој интерес.“

Сè уште не е доцна работите да се поправат, велат нашите соговорници. Затоплувањето на односите е можно само ако се води интензивна дипломатска активност и ако се коригира дневно политичкото однесување на политичките актери.

„Нашата дипломатија и нашата дневна политика треба да се труди да се одблокира процесот, што е возможно затоа што ние сме имале напредок во евроатлантските интеграции сè до овој момент“, вели Муслиу.

Ако продолжи трендот на водење лоши политики, не очекувам подобрување на односите со соседите, вели Пендаровски. Ако претендираме да бидеме дел од евроатлантските структури, треба да се елиминираат лошите политики и во директен контакт со соседите да се решаваат постоечките проблеми.

„Нашата позиција во битката со аргументи не е еднаква со нашите соседи. Тие се членки на тие меѓународни организации, ние не сме и ако претендираме и ние да бидеме таму мораме да ја намалиме реториката, а најдобар начин е во директен контакт со соседите ние самите да ги решаваме тие проблеми

За разлика од пред неколку години кога поради големиот интерес за влез на грчки фирми на македонскиот пазар можеше да се зборува за извесно затоплување во односите со нашиот јужен сосед, аналитичарите истакнуваат дека во изминатите неколку години тие се влошени, а Македонија е сè подалеку од влезот во Европската унија и НАТО.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG