Достапни линкови

МПЦ како џокер во меѓупартиските пресметки


Црквата учестувала во создавањето на оваа држава и затоа има право да реагира кога некој ќе посегне по идентитетот, вели владиката Петар.

Предупредувањата на некои аналитичари дека црквата не треба да биде арбитер меѓу политичките партии станаа реални вчера кога со соопштение се огласи Светиот архиерјски Синод. Го повикуваме народот не само да остане глув на емисарите на пропаганди туку истите на демократски начин да ги награди со конечен заборав, објави МПЦ во своето соопштение. Владиката Петар денеска рече дека Македонската православна црква ќе продолжи да биде главниот придонесувач како институција која низ историјата извршила улога за опстојување на народот и на државата. Од таа гледна точка црквата има право кога некој ќе посегне по идентитетот да укаже дека не може никој тоа да го прави, коментира митрополитот на преспанско-пелагониската епархија.
Зашто во сите пори на државното уредување на нашата држава учествувала црквата. Во таа смисла е апелот на МПЦ, а не со желба да се меша во политичките работи на партиите.
господин Петар, митрополит на преспанско-пелагониската епархија на МПЦ.

„Зашто во сите пори на државното уредување на нашата држава учествувала црквата. Во таа смисла е апелот на МПЦ, а не со желба да се меша во политичките работи на партиите“, вели владиката Петар.
Обвинувања за тие што не веруваат во чудото во Св. Димитрија.
Обвинувања за тие што не веруваат во чудото во Св. Димитрија.

МПЦ без да посочи име и презиме го прозва јавно, како што се вели во нејзиното соопштение, најгласниот говорител на нечуени фалсификати и лаги за македонската вистина да и се извини на македонската јавност.
Најмалку треба да се очекува од верските лидери кои треба да повикуваат на смирување, на толерирање на разликите, на простување дури и на оние што грешат, да се појавуваат како лица коишто ставаат од едната или од другата страна на барикадите поединци, политички партии и групи што за жал се случува во последните месеци.
Цане Мојановски, поранешен претседател на Комисијата за односи со верски заедници.

Аналитичарот Цане Мојановски и поранешен претседател на Комисијата за односи со верски заедници, вели дека влијанието на политиката веќе се чувствува и во црквата што наведува на проблеми, односно дека знаци на фаворизирање веќе се присутни. Ако ги погледнете спецификите на политичката култура ќе видите дека тие механизми се употребуваат за дневно-политичките потреби, вели Мојановски. Според неговите зборови, спорно е кога црквата се обидува нечии ставови, без разлика колку тие некому му се допаѓаат или не, да се ставаат како посебно издвоени.

„Најмалку треба да се очекува од верските лидери кои треба да повикуваат на смирување, на толерирање на разликите, на простување дури и на оние што грешат, да се појавуваат како лица коишто ставаат од едната или од другата страна на барикадите поединци, политички партии и групи што за жал се случува во последните месеци.“

Инаку, неспорно е дека црковните организации се носители на традиционалните струи и дека на Балканот црквата има поблиски идентификации со политичката моќ. Затоа сите православни цркви на Балканот се идентификуваат со националното битие и тие се чувствуваат повикани да зборуваат за идентитетот. Дека тие имаат историска заслуга за идентитетот, тоа може да се слушне од сите лидери на православните цркви на Балканот. Тоа се неспорни прашања. Но, спорно е кога црквата се обидува да фаворизира ставови меѓу две политички партии и во тој случај може да ги изгуби позициите на црква, вели Мојановски.

Последните случувања го засилија стравот и кај политиколозите дека политичките партии не бираат медиум преку кој ќе вршат влијание во пресрет на локалните избори. Ова се случува додека на политичката сцена во изминатиот период се случуваат осипувања или окрупнувања на политичките субјекти, а некогашни жестоки противници си подаваат рака за соработка. Пред неколку месеци, верски лидер со положбата која ја има се обиде да ја стави на другата страна една цела политичка партија бидејќи не му се допаѓале ставовите на таа партија околу случувањата со фреските во црквата Св. Димитрија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG