Брак од интерес или љубов и страв, вака накусо може да се опише односот на верските заедници со политичките партии. Ако односот меѓу Македонската православна црква и државата може да се опише како брак од интерес, оној со Исламската верска заедница личи на страв, односно, државата, која е наклонета кон црквата, истовремено како да се плаши да ги спречи намерите на ИВЗ, кога овие ќе решат „да си земат, тоа што мислат дека е нивно“. Вака познавачите на верските прилики го опишуваат односот меѓу верските заедници и државата.
Верата, односно верските заедници се користат како инструмент на политиката, објаснуваат експертите. Власта често пати до сега беше критикувана за дирекно мешање во верските заедници. Попови и свештени лица на секое удирање на камен темелник се покрај владините функционери со молитва да го осветат новиот објект што треба да се изгради.
Новата политичка партија Албански сојуз ја посети Исламската верска заедница и ја претстави својата политичка програма.
Претставници на Македонската православна црква минатата година тивко се среќаваа и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и со претседателот на Владата Никола Груевски, разговори за чиј исход никој не сакаше јавно да коментира. Но, молитвата за Македонците во Хаг, Јохан Тарчуловски и Љубе Бошкоски, кога униформирани полицајци, пратеници, поранешни лавови се молеа во Соборниот Храм заедно со поповите и поглаварот на МПЦ не помина незабележано од јавноста. Тогаш г.г. Стефан му порача на Трибуналот во Хаг дека треба да суди праведно затоа што ги чека БожјиотСуд.
Поранешни членови на Исламската верска заедница често пати по излегувањето од неа обинуваа дека одвреме навреме ИВЗ се наклонува, те кон владејачката, те кон опозициската партија на Албанците.
За разлика од нив, сегашната структура на МПЦ се поврзува само со власта. Се оди дури и дотаму што поп од внатрешноста, неделната литургија ја завршува со барање заедно со верниците да се помолат „Бог да ги Благослови и чува Градоначалникот, Премиерот, сите министри и Претседателот“.
Зачестените расправии меѓу официјалните институции и разни здруженија за тоа каде да се гради црква, а каде џамија, треба или не треба, се теми кои допрва може да предизвикаат сериозни последици за меѓурелигиските односи.
Последните случувања со инцидентите на Кале, како и прашањето дали и каде треба да се градат верски објекти, само ги разгореа страстите кај граѓаните. Но верските заедници не помогнаа тие страсти да се намалат.
Г. Г. Стефан го осуди инцидентот. Тој изјави дека лидерите на православната и исламската заедница не се инволвирани во таквите случувања, но ја употреби националната карта.
„Како и ова последното со реконструираната црква-музеј на скопското Кале исто така не е ли удар по македонскиот идентитет и начин за бришење на македонското постоење и децениското уривање и уништување на македонските цркви, споменици во северна Грција.“
Исламската верска заедница се приклучи на осудата. Портпаролот на ИВЗ Дритон Дикена вели дека за целата ситација е виновна дискриминаторската политика на власта.
„Доволно е да го погледнете билансот за градба на верски објекти од страна на владата, резултатот е дискриминаторски - десетина цркви, ниту една џамија. Тоа насилство не само што повреди неколку лица туку може да го повреди до смрт ткивото кое ја поврзува историјата на двата народи на овиепростори.“
Граѓаните сметаат дека религијата многу се меша во политиката.
„Еееее многу е вмешана, многу, многу, посебно овие последни неколку години. Што треба да заврши политиката, религијата тоа го промовира.“
„Мислам дека политиката се меша во политиката, тоа е евидентно, дури и имаме повеќе настани кои укажуваат на тоа, дури може да се каже и дека обратно е.“
„Се знае кој го иницира тоа и мислам дека позадината е борба за превласт.“
Муслиманските верниците со кои разговаравме во Аџи Азан Џамијата велат дека политичарите вештачки создаваат меѓурелигиска нетрпеливост и омраза. Тие барат политичарите да ги тргнат рацете од религијата и да не ги злоупотребуваат младите.
„Мислам дека политиката треба да биде оставена на страна и некој да прави поени со градење на цркви или џамии врз стари објекти каде што со векови немало ништо, за да добие некои поени, мислам дека тоа не е религиозно, тоа е политички, значи тоа е од аспект на собирање на поени.“
„Политичарите нека си гледаат своја работа, верниците своја, а тоа на Кале е за да политичарите што го направиле тоа да добијат поени и ги наведуваат младите. Дали тука имаше некој стар? Немаше! Се беа млади.“
Сличен став имаат и христијанските верници кои ја посетуваат црквата Св.Богородица и велат дека взаемниот однос на религијата и политиката негативно влијае врз нив.
„Многу се меша.“
„Политиката секогаш треба да биде настрана, но за жал кај нас не е така.“
„Висока доза на злоупотреба, но тоа е тоа.“
Верско-политичките дебати можеби досега не биле толку застапени и остри, но воопшто не се нова појава. Понекогаш потивко, понекогаш погласно, но се водат веќе неколку години и постојано се бара некаков повод за одржување на меѓурелигиска тензија.
Плоштадот цела година беше актуелна тема, изградбата на црква и џамија само ги воспалуваше чуствата на верниците и се потикнуваа пресметки и тензии. На сево ова му следуваше и владиниот проект „веронаука“ и неговото подоцнежно укинување од Уставниот суд, кој речиси никого не остави рамнодушен по ова прашање, па следуваа и протести.
Разговаравме и со скопскиот муфтија Ибраим Шабани. Тој вели дека ниедна верска заедница не може да побегне од лепењето на политички етикети, носо правилата по кои се водат тие се неполитичка заедница и се трудат да се одбранат од политичарите.
,,Ако наш свештеник, на пример, се прогласи јавно дека е за некоја партија, тој треба да добие посебна дозвола од нас, што значи дека верските активности треба да бидат во мирување, што значи да не биде активен во ИВЗ, а да се занимава со политика. Строго е забрането според Устав и правилникот, во јавните места како што се џамиите да се произнесе оџата или некој од нашите вработени дека е од оваа или онаа партија.“
Па реков, тоа секогаш има и лошо толкување или погрешно толкување. Вие знаете и дека претседателот Иванов пред да се кандидира беше кај нашиот поглавар и тоа незначи дека тој го подржува него, никаде во текот на кампањата немаше произнесување од поглаварот за негова подршка. Истото тоа беше и со лидерот на Албанскиот сојуз кој доаѓаше тука и бараше не поддршка, туку бараше да се знае таа работа и сега поглаварот, тоа беше погрешно толкувано, значи кога презентираат кај нас на пример, сите партии презентираат убави програми и неможе да кажеме дека не е убаво, на пример да ја правиме Македонија, Швајцарија. Зошто да не биде Македонија, Швајцарија, значи економски и социјално да се подигнеме.“
Владиката Тимотеј од Дебарско-кичевската епархија вели дека Македонската православна црква како институција не се меша во политиката.
„Таа не се меша во политиката, меѓутоа честопати политиката, тоа било од секогаш и верувам дека колку е посилна една црква толку помалку ќе имаат влијание политичките партии во неа, колку е послаба тоа повеќе ќе биде присутно и забележително. Сметам дека МПЦ во овој момент не се меша во политика, меѓутоа од разни причини некој ја третира или сака да ја третира дека е повеќе или помалку вклучена или подржувач на оваа или онаа партија. Не можеме да речеме дека нема поединци во црквата, но како црква, како институција апсолутно го негираме и тоа не е точно."
„Тоа е индивидуална работа, секој човек има право да има симпатии кон некој човек, личност, како и кон партиска позиција, меѓутоа не смее тој свој личен став, убедување да го наметнува да биде став на црквата. Јас имам свои лични симпатии кон некои партиски опции, меѓутоа никогаш тоа како владика, како епископ, како човек кој е задолжен во црквата, никогаш тоа не го пласирам, ниту го изразувам.“
„Па, прашајте ги нив зошто. Затоа што сака да добие преку црквата, поголем број на гласови.“
Проблемот со изградбата на верски објекти само покажува дека власта, со манири на средновековни феудалци се приближуваат до верниците и ги злоупотребуваат нивните чуства за полесно да манупулираат со нив, оценуваат аналитичарите.
Професор Цане Мојановски вели дека најголем проблем настанува кога ќе се измешаат верското и политичкото,и кога тоа ќе стане основа за политички ангажман.
„Треба да ја погледнеме историјата на балканските народи, историјата на блискоисточните народи и ќе видиме дека тие верски разлики кога ќе постанат политичка основа, тие добиваат многу тажен епилог, односно епилог кој што е испреплетен со насилство, неразбирање итн.“
Секоја власт има интерес да си ги присвои верските заедници како свои, особено во предизборие за зголемување на бројот на гласачи, велат експертите. Тие објаснуваат дека играта на национална и верска карта на празен стомак може да ги натера и неопределените гласачи да излезат на избори.
Професор Алајдин Демири вели дека политичарите како никогаш досега имаат потреба да ја вовлечат религијата во политиката.
„Во овој момент има профитабилен однос само за политичките партии во даден момент и тоа предизборни и изборни кампања, меѓутоа понатамошното вметнување на тие верски заедници во политиката станува негативно затоа што верските заедници се обидуваат перфидно да освојат политички терен.“
Тој додава дека со постојаното појавување на верските лидери заедно со политичарите, најчесто на настани каде што се удира камен темелник остава впечаток кај гледачите дека станува збор за екстремно религиозна држава.
„Македонија нема да биде христијанска држава ако се градат цркви на секое брдо или урбан центар и исто така нема да биде исламска држава ако се градат во секое село и засело, џамии, а сето тоа го прават политиката и политичките партии пред се овие кои што се на власт.“
Поранешниот претседател на комисијата за односи меѓу верските заедници Мојановски вели дека Комисијата нема надлежноста да влијае врз верските заедници и да помогне во одржувањето на религијата надвор од политиката.
„Таа е како награда која се доживува како казна, доколку ја добиете да ја вршите како функција. Затоа што таа нема објективно надлежност која и е определна со законските решенија, објективно тоа е орган кој што повеќе личи на положбата на круната во британскиот систем и има три функции: да претставува, да охрабрува и да опоменува.“
Експертите препорачуваат да се внимава, затоа што последиците од непринципиелниот брак меѓу политичарите и верските лидери се може да се прошири и надвор од границите. Како пример за тоа се наведува реакцијата на турското министерство за надворешни работи за инцидентите на Кале и изградбата на Музејот-Црква. Во писмената реакција е наведено дека Турција му придава особено значење на одржувањето и заштитата на културното наследство од османлискиот период кое се наоѓа во Македонија.
Верата, односно верските заедници се користат како инструмент на политиката, објаснуваат експертите. Власта често пати до сега беше критикувана за дирекно мешање во верските заедници. Попови и свештени лица на секое удирање на камен темелник се покрај владините функционери со молитва да го осветат новиот објект што треба да се изгради.
Новата политичка партија Албански сојуз ја посети Исламската верска заедница и ја претстави својата политичка програма.
Претставници на Македонската православна црква минатата година тивко се среќаваа и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и со претседателот на Владата Никола Груевски, разговори за чиј исход никој не сакаше јавно да коментира. Но, молитвата за Македонците во Хаг, Јохан Тарчуловски и Љубе Бошкоски, кога униформирани полицајци, пратеници, поранешни лавови се молеа во Соборниот Храм заедно со поповите и поглаварот на МПЦ не помина незабележано од јавноста. Тогаш г.г. Стефан му порача на Трибуналот во Хаг дека треба да суди праведно затоа што ги чека Божјиот
Како и ова последното со реконструираната црква-музеј на скопското Кале исто така не е ли удар по македонскиот идентитет и начин за бришење на македонското постоење и децениското уривање и уништување на македонските цркви, споменици во северна Грција.
Поранешни членови на Исламската верска заедница често пати по излегувањето од неа обинуваа дека одвреме навреме ИВЗ се наклонува, те кон владејачката, те кон опозициската партија на Албанците.
За разлика од нив, сегашната структура на МПЦ се поврзува само со власта. Се оди дури и дотаму што поп од внатрешноста, неделната литургија ја завршува со барање заедно со верниците да се помолат „Бог да ги Благослови и чува Градоначалникот, Премиерот, сите министри и Претседателот“.
Зачестените расправии меѓу официјалните институции и разни здруженија за тоа каде да се гради црква, а каде џамија, треба или не треба, се теми кои допрва може да предизвикаат сериозни последици за меѓурелигиските односи.
Последните случувања со инцидентите на Кале, како и прашањето дали и каде треба да се градат верски објекти, само ги разгореа страстите кај граѓаните. Но верските заедници не помогнаа тие страсти да се намалат.
Г. Г. Стефан го осуди инцидентот. Тој изјави дека лидерите на православната и исламската заедница не се инволвирани во таквите случувања, но ја употреби националната карта.
„Како и ова последното со реконструираната црква-музеј на скопското Кале исто така не е ли удар по македонскиот идентитет и начин за бришење на македонското постоење и децениското уривање и уништување на македонските цркви, споменици во северна Грција.“
Исламската верска заедница се приклучи на осудата. Портпаролот на ИВЗ Дритон Дикена вели дека за целата ситација е виновна дискриминаторската политика на власта.
„Доволно е да го погледнете билансот за градба на верски објекти од страна на владата, резултатот е дискриминаторски - десетина цркви, ниту една џамија. Тоа насилство не само што повреди неколку лица туку може да го повреди до смрт ткивото кое ја поврзува историјата на двата народи на овие
Доволно е да го погледнете билансот за градба на верски објекти од страна на владата, резултатот е дискриминаторски - десетина цркви, ниту една џамија. Тоа насилство не само што повреди неколку лица туку може да го повреди до смрт ткивото кое ја поврзува историјата на двата народи на овие простори.
Се знае кој го иницира тоа и мислам дека позадината е борба за превласт.
Граѓаните сметаат дека религијата многу се меша во политиката.
„Еееее многу е вмешана, многу, многу, посебно овие последни неколку години. Што треба да заврши политиката, религијата тоа го промовира.“
„Мислам дека политиката се меша во политиката, тоа е евидентно, дури и имаме повеќе настани кои укажуваат на тоа, дури може да се каже и дека обратно е.“
„Се знае кој го иницира тоа и мислам дека позадината е борба за превласт.“
Муслиманските верниците со кои разговаравме во Аџи Азан Џамијата велат дека политичарите вештачки создаваат меѓурелигиска нетрпеливост и омраза. Тие барат политичарите да ги тргнат рацете од религијата и да не ги злоупотребуваат младите.
„Мислам дека политиката треба да биде оставена на страна и некој да прави поени со градење на цркви или џамии врз стари објекти каде што со векови немало ништо, за да добие некои поени, мислам дека тоа не е религиозно, тоа е политички, значи тоа е од аспект на собирање на поени.“
„Политичарите нека си гледаат своја работа, верниците своја, а тоа на Кале е за да политичарите што го направиле тоа да добијат поени и ги наведуваат младите. Дали тука имаше некој стар? Немаше! Се беа млади.“
Сличен став имаат и христијанските верници кои ја посетуваат црквата Св.Богородица и велат дека взаемниот однос на религијата и политиката негативно влијае врз нив.
Политичарите нека си гледаат своја работа, верниците своја, а тоа на Кале е за да политичарите што го направиле тоа да добијат поени и ги наведуваат младите. Дали тука имаше некој стар? Немаше! Се беа
млади.
„Многу се меша.“
„Политиката секогаш треба да биде настрана, но за жал кај нас не е така.“
„Висока доза на злоупотреба, но тоа е тоа.“
Верско-политичките дебати можеби досега не биле толку застапени и остри, но воопшто не се нова појава. Понекогаш потивко, понекогаш погласно, но се водат веќе неколку години и постојано се бара некаков повод за одржување на меѓурелигиска тензија.
Плоштадот цела година беше актуелна тема, изградбата на црква и џамија само ги воспалуваше чуствата на верниците и се потикнуваа пресметки и тензии. На сево ова му следуваше и владиниот проект „веронаука“ и неговото подоцнежно укинување од Уставниот суд, кој речиси никого не остави рамнодушен по ова прашање, па следуваа и протести.
Разговаравме и со скопскиот муфтија Ибраим Шабани. Тој вели дека ниедна верска заедница не може да побегне од лепењето на политички етикети, но
Верувам дека колку е посилна една црква толку помалку ќе имаат влијание политичките партии во неа, колку е послаба тоа повеќе ќе биде присутно и забележително. Сметам дека МПЦ во овој момент не се меша во политика, меѓутоа од разни причини некој ја третира или сака да ја третира дека е повеќе или помалку вклучена или подржувач на оваа или онаа
партија.
,,Ако наш свештеник, на пример, се прогласи јавно дека е за некоја партија, тој треба да добие посебна дозвола од нас, што значи дека верските активности треба да бидат во мирување, што значи да не биде активен во ИВЗ, а да се занимава со политика. Строго е забрането според Устав и правилникот, во јавните места како што се џамиите да се произнесе оџата или некој од нашите вработени дека е од оваа или онаа партија.“
Како тогаш ќе го објасните фактот кога пред извесен период Сулејман Реџепи излезе со изјава дека ја подржува идејата на Албанскиот сојуз за кантонизација, а подоцна беше изјавено дека е погрешно разбран? Дали тоа е доведување во политичка корелација?
Па реков, тоа секогаш има и лошо толкување или погрешно толкување. Вие знаете и дека претседателот Иванов пред да се кандидира беше кај нашиот поглавар и тоа незначи дека тој го подржува него, никаде во текот на кампањата немаше произнесување од поглаварот за негова подршка. Истото тоа беше и со лидерот на Албанскиот сојуз кој доаѓаше тука и бараше не поддршка, туку бараше да се знае таа работа и сега поглаварот, тоа беше погрешно толкувано, значи кога презентираат кај нас на пример, сите партии презентираат убави програми и неможе да кажеме дека не е убаво, на пример да ја правиме Македонија, Швајцарија. Зошто да не биде Македонија, Швајцарија, значи економски и социјално да се подигнеме.“
Владиката Тимотеј од Дебарско-кичевската епархија вели дека Македонската православна црква како институција не се меша во политиката.
„Таа не се меша во политиката, меѓутоа честопати политиката, тоа било од секогаш и верувам дека колку е посилна една црква толку помалку ќе имаат влијание политичките партии во неа, колку е послаба тоа повеќе ќе биде присутно и забележително. Сметам дека МПЦ во овој момент не се меша во политика, меѓутоа од разни причини некој ја третира или сака да ја третира дека е повеќе или помалку вклучена или подржувач на оваа или онаа партија. Не можеме да речеме дека нема поединци во црквата, но како црква, како институција апсолутно го негираме и тоа не е точно."
Рековте дека не може да се порекне дека има поединци?
Треба да ја погледнеме историјата на балканските народи, историјата на блискоисточните народи и ќе видиме дека тие верски разлики кога ќе постанат политичка основа, тие добиваат многу тажен епилог, односно епилог кој што е испреплетен со насилство, неразбирање итн...
„Тоа е индивидуална работа, секој човек има право да има симпатии кон некој човек, личност, како и кон партиска позиција, меѓутоа не смее тој свој личен став, убедување да го наметнува да биде став на црквата. Јас имам свои лични симпатии кон некои партиски опции, меѓутоа никогаш тоа како владика, како епископ, како човек кој е задолжен во црквата, никогаш тоа не го пласирам, ниту го изразувам.“
Зошто тогаш политиката се меша во МПЦ?