Достапни линкови

Воени свештеници во Србија


Плановите за верската служба во српската војска во земјата се доживуваат на различен начин. За едни тоа е остварување на духовните верски слободи, а за други натамошна клерикализација на српското општество.

Ако декретот за свештеничка служба во српската армија биде донесен во наредните месеци, а според најавите така и ќе биде, првите свештеници-воини ќе стапат на нови работни места кон крајот на јуни.
Црковните високодостојници на СПЦ ги поддржа напорите на Министерството за одбрана во војската да се вклучат свештеници од традиционалните цркви и верски заедници.
Прашањето е зошто државата сега го воведува овој тип на институција, кога, според некои оценки, тоа се покажа како неефикасно во некои земји и региони?

„Ние ги следевме најпозитивните примери во светот и немаме информации дека тоа некаде во соседството имало лоша примена“, вели Александар Раковиќ, координатор на меѓурелигискиот совет во Министерството за религија на Србија.

Социолгот Мирко Ѓорѓевиќ, кој се занимава со религиски прашања, меѓутоа, го тврди спротивното.
Јас не верувам во военото свештенство и мислам дека овие институции се историски компромитирани.

„Јас не верувам во военото свештенство и мислам дека овие институции се историски компромитирани и ја губат смислата“, вели Ѓорѓевиќ.

Свештеник со чин капетан?

Предлогот предвидува воените свештеници, рабини, имами и други верски службеници да работат во Генералштабот, во оперативните команди, во составот на бригадите, во Воената болница, Академија, и да земаат плата од буџетот.
За Богослужбата тие ќе биде одговорни пред својата верска заедница, а во војската пред командантот.

Војска на Србија - прес конференција

Свештениците, според Министерството за одбрана, ќе бидат во можност да имаат чин капетан па и повисоко во зависност од нивниот стаж и стручноста.

Српската православна црква, нормално го подржува планот на Министерството за одбрана.

Социологот Мирко Ѓорѓевиќ, пак, на овие потези гледа како на нови чекори во правец на клерикализација на српското општество.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG