Достапни линкови

Ништо ново од Иринеј?


Српскиот Патријарх Иринеј
Српскиот Патријарх Иринеј

Големосрпската идеја најдолго ќе опстане во рамките на српската Црква, велат критички настроените аналитичари, зборувајќи за дејствувањето на новиот Патријарх Иринеј. За него имено некои тврдеа дека имал умерени ставови. СПЦ и натаму се однесува негаторски кон македонската и црногорската Црква.



Ништо ново од СПЦ и Патријархот Ириниеј. Нема сигнал за некаво затоплување на односите со оние кои српскиот клер не ги признава како рамноправни со себе. Црковните спорови неретко влијаат и врз меѓудржавните односи. Меѓутоа, српскиот и македонскиот претседател Борис Тадиќ и Ѓорге Иванов, неодамна во Белград рекоа дека тоа прашање им го оставаат на црквите а тие ќе создавале амбиент за решавање на спорот.

СПЦ не ги признава Црногорската Црква и Македонската како автокефални, а тоа, според професорот на Богословија во Белград Димитрија Калезиќ, не зависи од државите.

„Нашата Црква беше афтокефална кога беше обновена Пеќката Патријаршија во 5 држави: турската, црногорската, млетачката, австриската и унгарската.“

Соборен Храм - Скопје
Тешко до промени во СПЦ

За разлика од овој црквен став на Белград, некои како професорот по социологија на религијата во Србија Мирко Ѓорѓевиќ мислат на следниот начин.

„Односите меѓу црквите на целиот екуменски простор на Православието ќе се градат по принцип на договор и разбирање што ќе биде следено од признавање на сестринските цркви или непризнавање.“
Во Црна Гора тоа се доживува како изјава на човек кој нема врска со реалноста.


Ако во јанури кога беше избран за Патријарх на Српската Црква можеби изгледаше невнимателен кога изјави дека Србите и Црногорците се еден ист народ, сега тоа за Иринеј не може повторно да се рече кога истото го повтори.

Во Црна Гора, ставовите на Српскиот Патријарх Иринеј не се доживуваат како нешто ново, вели социологот Срѓан Вукадиновиќ.

„Во Црна Гора тоа се доживува како изјава на човек кој е далеку од реалноста и случувањата во една држава. Тие и натаму имаат некои илузии, митови и сметаат дека некои ќе им веруваат дека тие територии некогаш повторно ќе се обединат“, вели Вукадиновиќ.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG