Обидите да се направи исчекор во црковниот проблем меѓу МПЦ-Охридска Архиепископија и СПЦ засега се безуспешни. Српскиот патријарх Иринеј, експресно ги демантираше информациите за водење на наводни тајни и посреднички преговори што треба да доведат за надминување на спорот за автокефалноста на Македонската правослвна црква.
Прашањето е премногу деликатно за да се очекува негово брзо надминување, оценува Душан Јаниќ за Слободна Европа. За српскот аналитичар, за да се премостат недоразбирањата коидобиваат нов степен на заладеност, е неопходно да се вклучат владите на двете земји бидејќи спорот освен што има верски има и политички димензии.
„Tука е вклучено и прашањето за националнот идентитет. Ако македонскиот национален идентитет е независен, тогаш е тешко тој да се стави под јурисдикција на Српската православна црква. Потоа тука е и прашањето за јазикот за тоа на кои би се одвивала црковна служба.“
Идејата за можно посредништво на македонски политичари, интелектуалци или дипломати во црковниот спор, амбасадорот во Белград го мотивира со стравот дека црковниот спор брзо ги троши традиционално добрите релации мегу српскиот и македонскиот народ.
„Јас интензивно работам и интензивно разговарам со највисоките српски црковни раководители и со неговата светост патријархот Иринеј“, вели Љубиша Георгиевски, македонски амбасдор во Србија. Еден од добрите познавачи на црковните состојби во православието Даниел Димески со скепса гледа на ад-хок инволвирањето на медијатори надвор од црковните редови.
„Мора да се пристапи кон формирање на тим којшто ќе пристапи кон едни вакви преговори и секако во тој тим се добредојдени интелектуалци од типот на г-динот Георгиевски и г-динот Фила, меѓутоа и луѓе што го познаваат црковното право.“
Аналитичарот од Белград Душан Јаниќ пак смета дека:
„СПЦ врши пртисок врз српската влада, а МПЦ има заштита и подршка од македонското раководство.“
Но, според него, клучната битка е кој ке ги контролира верниците и кој прв ќе подаде рака на помирување, иако според него СПЦ која е помоќна и силно етаблирана во православието би требало да биде предвесник на нов дијалог за македонската афтокефалност. Од македонскиот Синод има молк. Владиката Климент со кого контактиравме кратко ни рече дека, единствено владиката Тимотеј има дозвола да дава изјави поврзани со спорот со СПЦ, но портапролот на Македонската православна црква остана недостапен за коментар.
Прашањето е премногу деликатно за да се очекува негово брзо надминување, оценува Душан Јаниќ за Слободна Европа. За српскот аналитичар, за да се премостат недоразбирањата кои
Tука е вклучено и прашањето за националнот идентитет. Ако македонскиот национален идентитет е независен тогаш е тешко е тој да се стави под јурисдикција на српската православна
црква.
„Tука е вклучено и прашањето за националнот идентитет. Ако македонскиот национален идентитет е независен, тогаш е тешко тој да се стави под јурисдикција на Српската православна црква. Потоа тука е и прашањето за јазикот за тоа на кои би се одвивала црковна служба.“
Идејата за можно посредништво на македонски политичари, интелектуалци или дипломати во црковниот спор, амбасадорот во Белград го мотивира со стравот дека црковниот спор брзо ги троши традиционално добрите релации мегу српскиот и македонскиот народ.
„Јас интензивно работам и интензивно разговарам со највисоките српски црковни раководители и со неговата светост патријархот Иринеј“, вели Љубиша Георгиевски, македонски амбасдор во Србија. Еден од добрите познавачи на црковните состојби во православието Даниел Димески со скепса гледа на ад-хок инволвирањето на медијатори надвор од црковните редови.
СПЦ врши пртисок врз српската влада, а МПЦ има заштита и подршката од македонското раководство.