Дали младите имаат меѓу религиски, меѓукултурни или меѓуетнички предрасуди или, пак, живеат во добар дијалог во мултиетничките средини, што се лице на речиси секоја држава светот, во малите и големите земји, на различните континенти? Колку мултикултурата е богато историско наследство и сегашна вредност или пак извор на конфликти и колку неформалното образование им помага на младите во реалноста да живеат подобро и да ги надминат етничките догми, норми и табуа?
„Во однос на тоа дали Грција признава други етнички заедници и малцинства, моето мислење е дека признава, бидејќи постојат неколку муслимански заедници кои што живеат на територијата на Грција и се признаени. Земајќи го во вид бројот на бегалците, односно емигрантите кои постојано доаѓаат во Грција, чиј број е околу еден милион, малку е тешко да се направи меѓурелигиски дијалог, за што Грција прави одредени напори“, вели Сигур Гот, Данец, кој пет години живее во грчката престолнина, Атина.
На прашањето на новинарката на Радио Слободна Европа, зошто кога имаме иста религија со Грција, македонското малцинство не е признаено во Грција и како младиот Гот гледа на овој проблем тој вели:
„Тоа не е добро и е срамно затоа што не се признаени Македонците во Грција, но сепак мислам дека треба да се запознаваме повеќе и проблемот не лежи ниту во мене, ни во вас, ни во граѓаните, туку во оние кои ја злоупотребуваат религијата и кои се обидуваат поради свои лични интереси да не раздвојат, вели Сигурд Гот.
На прашањето упатено кон младата Египќанка Сара Ел Марсати, која се фали со добар меѓурелигиски соживот во Египет, дали таа како муслиманка, што е дел од 80 процентното население во оваа земја, каде останатите се Христијани, би се омажила за припадник од другите религии, таа има интересен одговор.
„Јас лично никогаш не би се омажила за некој кој е од друга вера или за Христијанин, но сепак има примери кога мажи муслимани стапуваат во брак со жени Христијанки или од друга вера, кои или ја задржале својата или ја смениле религијата. Законот во Египет не дозволува мешанибракови на жени муслиманки со маж од друга вера, додека кај мажите муслимани тоа е дозволено.“
Ел Марсати вели дека ова правило во Египет, каде сепак доминираат традициите и патријархатот, го има прифатено без да го свати како дискриминирачко во земјата каде немало меѓурелигиски проблеми и инциденти, кои во поново време според Сара се од политички иницирани.
Како е во високонапредната европска Шведска, каде има доста емигранти од други држави и вери, а и многу мешани бракови.
„Шведска е навистина мултикултурна земја и речиси секој десетти Швеѓанин е од друга земја. Ние како држава генерално се бориме против расизмот и сметам дека имаме повеќе прашања на меѓукултурен отколку на меѓурелигиски дијалог. Моментално ме загрижува политичката партија на националдемократите која е на власт, што е против емигрантите и кои спроведуваат таква политика, не дозволувајќи влегување на емигранти. Мислам дека имаме одредени меѓукултурни проблеми, со кои се справуваме на различни начини во системот“, вели Морган Нордин од Шведска.
Како добри примери за мултиетничко живеење се посочуваат САД и Австралија, кои сепак не се поштедени од вакви конфликти како и ниедна земја од светот.
„На став сме дека немаше религиозни цели, односно тој конфликт немаше никаква врска со религијата, туку се сведе на тоа да се подобри статусот на етничките заедници, при што во овој случај иницијативата дојде од поголемата етничка заедница која живее во Македонија, тоа е Албанската етничка заедница. Иако сега по десет години од конфликтот, има разни анализи од странски експерти, и заклучокот е дека до некој степен е подобрена е состојбата, статусот на сите еднички заедници во Македонија, поради што сметаме дека со тоа имаат придобивки сите етнички заедници и целата држава“, оценува Наим Мемети, државен советник во македонската влада за спроведување на Охридскиот рамковен договор.
Останува на времето да покаже дали со актуелните политики во државата, културата, религиите и животот воопшто одиме нанапред или се враќаме наназад во взамното почитување, толеранција и соживот меѓу различните ентитети, што посебно е важно за иднината на младите генерации, кои за тоа се обучуваат на светски конференции како струшката, што за меѓурелигискиот дијалог ја организира Центарот за меѓукултурен дијалог, поддржан од Европската комисија програма млади во акција.
Тоа не е добро и е срамно затоа што не се признаени Македонците во Грција, но сепак мислам дека треба да се запознаваме повеќе и проблемот не лежи ниту во мене, ни во вас, ни во граѓаните, туку во оние кои ја злоупотребуваат религијата и кои се обидуваат поради свои лични интереси да не раздвојат.
„Во однос на тоа дали Грција признава други етнички заедници и малцинства, моето мислење е дека признава, бидејќи постојат неколку муслимански заедници кои што живеат на територијата на Грција и се признаени. Земајќи го во вид бројот на бегалците, односно емигрантите кои постојано доаѓаат во Грција, чиј број е околу еден милион, малку е тешко да се направи меѓурелигиски дијалог, за што Грција прави одредени напори“, вели Сигур Гот, Данец, кој пет години живее во грчката престолнина, Атина.
На прашањето на новинарката на Радио Слободна Европа, зошто кога имаме иста религија со Грција, македонското малцинство не е признаено во Грција и како младиот Гот гледа на овој проблем тој вели:
„Тоа не е добро и е срамно затоа што не се признаени Македонците во Грција, но сепак мислам дека треба да се запознаваме повеќе и проблемот не лежи ниту во мене, ни во вас, ни во граѓаните, туку во оние кои ја злоупотребуваат религијата и кои се обидуваат поради свои лични интереси да не раздвојат, вели Сигурд Гот.
На прашањето упатено кон младата Египќанка Сара Ел Марсати, која се фали со добар меѓурелигиски соживот во Египет, дали таа како муслиманка, што е дел од 80 процентното население во оваа земја, каде останатите се Христијани, би се омажила за припадник од другите религии, таа има интересен одговор.
„Јас лично никогаш не би се омажила за некој кој е од друга вера или за Христијанин, но сепак има примери кога мажи муслимани стапуваат во брак со жени Христијанки или од друга вера, кои или ја задржале својата или ја смениле религијата. Законот во Египет не дозволува мешани
Јас лично никогаш не би се омажила за некој кој е од друга вера или за Христијанин, но сепак има примери кога мажи муслимани стапуваат во брак со жени Христијанки или од друга вера, кои или ја задржале својата или ја смениле религијата. Законот во Египет не дозволува мешани бракови.
Ел Марсати вели дека ова правило во Египет, каде сепак доминираат традициите и патријархатот, го има прифатено без да го свати како дискриминирачко во земјата каде немало меѓурелигиски проблеми и инциденти, кои во поново време според Сара се од политички иницирани.
Како е во високонапредната европска Шведска, каде има доста емигранти од други држави и вери, а и многу мешани бракови.
„Шведска е навистина мултикултурна земја и речиси секој десетти Швеѓанин е од друга земја. Ние како држава генерално се бориме против расизмот и сметам дека имаме повеќе прашања на меѓукултурен отколку на меѓурелигиски дијалог. Моментално ме загрижува политичката партија на националдемократите која е на власт, што е против емигрантите и кои спроведуваат таква политика, не дозволувајќи влегување на емигранти. Мислам дека имаме одредени меѓукултурни проблеми, со кои се справуваме на различни начини во системот“, вели Морган Нордин од Шведска.
Како добри примери за мултиетничко живеење се посочуваат САД и Австралија, кои сепак не се поштедени од вакви конфликти како и ниедна земја од светот.
Дали воениот конфликт во Македонија во 2001 имаше религиски карактер?