Достапни линкови

Власидис - Грција нема да го решава спорот за името годинава


Власис Власидис, професор по Политичка комуникација и Средства за јавно информирање на одделот за Балкански студии при Универзитетот на Западна Македонија во Флорина, Грција, познавач на спорот за името и е автор на неколку книги, меѓу кои и „На границата
Власис Власидис, професор по Политичка комуникација и Средства за јавно информирање на одделот за Балкански студии при Универзитетот на Западна Македонија во Флорина, Грција, познавач на спорот за името и е автор на неколку книги, меѓу кои и „На границата

Грција ги фокусира сите сили на решавање на внатрешните проблеми, останатите работи се помалку битни, вели грчкиот професор Власис Власидис.

Што може да се очекува од средбите на Јолевски и Василакис со Нимиц во Њујорк?
Самарас е сега поддржан од трилатерлната влада и мислам дека не сака да преземе ризик ни за формален, ни за неформален разговор со вашиот премиер. Ве молам, не е многу лесно за вас да разберете дека политичките партии во Грција се обидуваат да предизвикаат политички импакт врз другите партии, па и можна дискусија дури и неформална меѓу Груевски и Самарас може да донесе негативен импакт врз неговите гласачи.
Власис Власидис, универзитетски професор.

Ние имаме нова коалициска влада во Грција која е поддржана од Караџаферис и Самарас и мислам дека главниот приоритет на оваа влада е да најде прифатливо решение за надворешниот долг на Грција. Па затоа и не сум многу оптимист за можно решение на овој состанок. Во неколку интервјуа, лидерите на двете партии истакнаа дека единственото прашање на кое ќе работи оваа влада е да најде решение за долгот на Грција дo крајот на месецот. Од тие причини не гледам многу позитивно за можно решение.

Што може да се очекува од новата грчка влада во 2012 година во врска со спорот за името со оглед на тоа што е зафатена со економските прашања во земјата?

Новата коалициона влада е формирана само за да најде подобро решение за надворешниот долг на Грција. Пред или по Велигденските празници ќе се одржат избори за нов парламент и нова влада. Но политичката ситуација тука во Грција не е стабилна, така што не е е лесно за било кој да предложи нешто. Ние не знаеме дали ќе имаме десничарска или левичарска влада затоа што анкетите покажуваат дека двете главни партии ПАСОК и Нова демократија не би можеле да освојат повеќе од 50 проценти од потребните гласови.

Дали тоа значи дека до април ние не може да очекуваме промени во „ерга омнес“ ставот на Грција?

Политичката состојба предизвикува многу серизни внатрешни социјални проблеми во Грција па така оваа влада и можеби новата влада ќе се соочи со сериозни внатрешни проблеми во Грција. Сите останати прашања, вклучувајќи ја дипломатијата со кипарското прашање и билатералните односи со Турција се на многу ниско ниво овој месец, а мислам дека е исто и со преговорите со вашата земја.

Пред неколку дена Самарас одби средба со Груевски и изјави дека таков сосотанок нема да донесе позитивен ефект. Што мислите зошто Самарас не сака ни да се сретне со Груевски?

Мислам дека Самарас е сега поддржан од трилатерлната влада и мислам дека не сака да преземе ризик ни за формален, ни за неформален разговор со вашиот премиер. Ве молам, не е многу лесно за вас да разберете дека политичките партии во Грција се обидуваат да предизвикаат политички импакт врз другите партии, па и можна дискусија дури и неформална меѓу Груевски и Самарас може да донесе негативен импакт врз неговите гласачи, поддржувачи или лидертвото на партијата ПАСОК би пробале да извлечат можна поддршка од неговите гласачи.

Може ли да се заклучи дека годинава со изборите кои што следуваат нема да има никакви промени во дијалогот за спорот за името?

Мислам дека да. Внатрешната состојбата во Грција е толку сериозна што е речиси невозможно за секој лидер да го преземе ризикот да изнајде или да предложи решение за нашите билатерални прашања кои ќе предизвикаат некои други внатрешни проблеми. Не можам да видам дека ни Папандреу или Самарас или Караџаферис ќе се справат со Груевски во блиска иднина. Исто е и со другите соседи, на пример со Албанија, со Бугарија со Турција со кои имаме други прашања за решавање, некои доаѓаат од историјата некои кои се однесуваат на билатерлни прашања поврзани со договори за трговија. Речиси ниту еден министер во Грција нема да сака да се справува со овие прашања затоа што ќе се соочи со нови внатрешни проблеми.

Значи за надворешните проблеми, Грција годинава нема да преземе ништо?

Мислам дека да. Тие не кажуваат ништо, ние не видовме, да речеме порака дека тие се обидуваат да предложат некаква нова надворешна политика, не само за билатерaлните прашања туку и за останатите како енергетски прашање или гринфилд во надворешната политика. Тие се обидуваат да ги држат нивните активности на ниско ниво и ги фокусираат своите сили во обид да ги решат внатрешните проблеми.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG