Достапни линкови

Економија и евроинтеграции - задача и за годинава


Прослава на 20-годишнината од референдумот за самостојност на Македонија.
Прослава на 20-годишнината од референдумот за самостојност на Македонија.

Што очекуваме од 2012?! Ништо спектакуларно... барем така велат политичарите и експертите. И за оваа година, велат дека ќе жнееме тоа што сме сееле минатите години.

Минатата година беше година на големи очекувања, надежи. А си замина со скандали, апсења, изневерени очекувања, пропаднати надежи, замолкнати медиуми, згазена демократија. А мината наликуваше на таа пред неа, како и таа на претходната, а оваа ?
Ќе останеме посветени и ќе продолжиме со уште посилно темпо од она што беше до сега. Силното темпо на работа, силната посветеност на она што сме им го ветиле на граѓаните, работење што во таква мера никогаш не се забележало во Македонија, посветеност на работата, добра организација и соочување на проблемите и решавање на голем број од нив.
Никола Груевски, премиер.

Ништо не се сменило со влезот во 2012-та, останува сиромаштија, високиот процент на невработеност, понискиот стандард, повисоките давачки, падот на демократијата и слободата на изразување. Долго најавуваните инвестиции никако да дојадат. Но, нели треба да се сврти нов лист и да се продолжи напред, па ајде да видиме што тоа ни сервираат политичарите за оваа година.

Премиерот најави дека остануваат фокусирани на реформите, економијата, отварање на нови работни места.

„ Ќе останеме посветени и ќе продолжиме со уште посилно темпо од она што беше до сега. Силното темпо на работа, силната посветеност на она што сме им го ветиле на граѓаните, работење што во таква мера никогаш не се забележало во Македонија, посветеност на работата, добра
организација и соочување на проблемите и решавање на голем број од нив.“

Проблеми секогаш ќе има, вели премиерот, но тие треба да се решаваат. Што се однесува за влезот на земава во НАТО, Груевски вели дека ќе се потрудат да направат се што можат но дека задниот збор останува на земјите членки на
Македонија денес чекори во погрешен правец. Она што ни се случува не е нормално, а се што не е нормално не може да трае.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

Алијансата. А за интеграција во ЕУ, власта останува посветена на реформите.

Клучната битка што не очекува нема да биде политичката, туку психолошката битка, вели лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Се ќе зависи од тоа дали народот ќе го ослободиме од стравот кој го одржува власта на Груевски, изјави Црвенковски. Тој нагласи дека е сигурен дека СДСМ е подготвена за победа и за задачата, како што рече, земјата да ја врати на
вистинскиот пат.

„СДСМ – продолжува, СДСМ се враќа, СДСМ ќе победи. Во политиката сум повеќе од 20 години и видов се и сешто. Ве уверувам дека никогаш не сум бил убеден колку денес дека се залагаме за вистинското нешто. Праведно. Македонија денес чекори во погрешен правец. Она што ни се
Апелирам да престанат политичките, особено дневно политичките препирки за тоа каде оди државата,има ли или бара алтернативи, одговорот е јасен, стратешки цели ни биле и остануваат членството во НАТО и членството во ЕУ.
Ѓорге Иванов, претседател на Македoнија.

случува не е нормално, а се што не е нормално не може да трае“, рече Црвенковски.

Претседателот на државата, пак, вели дека оваа година ќе биде историска година за нов почеток. Тој и оваа година ќе остане посветен на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО, поместување на статус кво состојбата, добри билатерални односи.

„Апелирам да престанат политичките, особено дневно политичките препирки за тоа каде оди државата, има ли или бара алтернативи, одговорот е јасен, стратешки цели ни биле и
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ,Скопје,2009
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ,Скопје,2009
остануваат членството во НАТО и членството во ЕУ. Како што се приближуваме кон остварување на нашата стратешка цел, така се менува свеста кај сите општествени чинители, се менува менталитетот, начинот на размислување и дејствување, ќе чекориме по тој пат водени од принципите на чесност, одговорност и отчетност како принципи на ново лидерство, принципи кои единствено се можни во новите времиња. “

Искрено се надевам дека нема Република Македонија да ја повтори истата епизода поврзана со интеграцијата во ЕУ и уште повеќе со интеграцијата во НАТО, меѓутоа исто така сум свесен и дека политиката е уметност на реалното и дека во голема мера интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во ЕУ е условена од ставот на нашиот јужен сосед, односно на Република Грција.
Александар Спасеновски, ВМРО-ДПМНЕ.
ЕУ, НАТО и економијата - приоритети по кој знае кој пат

Пратениците, во зависност на која политичка гарнитура и припаѓаат, се или не се оптимисти дека годинава конечно ќе ни тргне.

За остварување на македонските државни приоритети оваа година, сите политички актери треба да бидат фокусирани на развој на меѓусебниот дијалог и разбирање, како и јакнење на меѓуетничката доверба меѓу сите етнички заедници во државата, вели пратеникот Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се работи и на економскиот развој, односно на изнаоѓање на решенија за граѓаните да имаат повисок стандард, тоа е она што се однесува на внатрешен план, а на надворешен, тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ, која нели зависи од разрешувањето на македонско-грчкиот спор, додава Спасеноски.

Максимумот од наша страна, заради тоа што ние сме една страна во тој спор, и тука не вреди да се жалиме дека ни е тешко и дека судбината спрема нас е направедна туку во интерес на земјата, на граѓаните и на идните генерации треба да се направи се, да се деблокира процесот.
Андреј Петров, СДСМ.
„Искрено се надевам дека нема Република Македонија да ја повтори истата епизода поврзана со интеграцијата во ЕУ и уште повеќе со интеграцијата во НАТО, меѓутоа исто така сум свесен и дека политиката е уметност на реалното и дека во голема мера интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во ЕУ е условена од ставот на нашиот јужен сосед, односно на Република Грција.“

И од коалиционата партија во Владата, ДУИ велат дека оваа година сите очекувања се насочени кон тоа да се оствари долгоочекуваното интегрирање во НАТО и ЕУ.

„Очекувам економски развој за државата и благосостојба за граѓаните но има еден исклучително битен момент во 2012-та а тоа е самитот на НАТО во Чикаго во мај, каде што
Андрес фог Расмусен и Никола Груевски
Андрес фог Расмусен и Никола Груевски
очекуваме Македонија да стане членка на НАТО и со тоа да се остварат предуслови за тој економски развој“, вели Бујар Османи од ДУИ.

Опозицијата, пак, очекува стагнација, односно како што велат се ќе биде исто како лани. Оваа 2012-та ќе ја одбележат растот на сиромаштијата, како и она што ја очекува како предворје пред локалните избори. Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров вели дека тие како партија ќе бидат насочени кон убедување на граѓаните дека треба да им ја дадат подршката која им треба. А што се однесува на надворешен план, вели дека треба од македонска страна да се направи максимум за да се дојде до решение на спорот за името.

„Максимумот од наша страна, заради тоа што ние сме една страна во тој спор, и тука не вреди да се жалиме дека ни е тешко и дека судбината спрема нас е направедна туку во интерес на земјата, на граѓаните и на идните генерации треба да се направи се, да се деблокира процесот.“

Не очекувам да се сменат работите на политички план, вели пратеникот Зијадин Села од ДПА, затоа што народот на предвремените избори во 2011-та не гласаше за промени. И оваа година ќе стагнираме и секој ќе си работи на национален план и ќе се обиде да профитира од тоа.

„Јас очекувам дека партиите од власта и вицепремиерката за евроинтеграции пак ќе излезе со истите тврдења што секогаш ги дава, ДУИ и ВМРО ќе продолжат да бараат компромис, за кој ќе кажат потоа дека разумен компромис си е разумен компромис. ДУИ ќе продолжи со давање на периоди од 3 месеци, 6 месеци, една година и вака ќе продолжат да владеат без да го решат овој проблем, јас не верувам дека тие ќе решат нешто.“

Граѓаните очекуваат здравје и вработувања

Колку што вечни приоритети се ЕУ и НАТО, толку е и економијата. За тоа до кај сме во остварување на приоритети, излишно е да се зборува. А алиби секогаш може да се најде, те Грците, те кризата. Настрана од политиката, граѓаните се скромни во своите желби, на нив вечни приоритети им се здравјето и парите.

„Во новата година очекувам љубов, здравје и да отидам на Хаваи.“

„Ќерка ми да се вработи, само што дипломираше и да си ги полага испитите на постдипломски, тоа ќе биде успех и за мене.“

„Да бидеме живи и здрави, што друго?“

„Успех повеќе и факултетот, да ми оди учењето.“

„Да сме живи и здрави, да ми порасне синот, сега има две години.“

„Некое вработување за нас младите да биде поарно.“

Што посакувате во 2012-та лично, што очекувате од Владата? Погледнете ја видео анкетата и коментирајте овде.
Очекувања од Новата Година
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00
А за очекувањата од политичарите, паорно и да не ги прашуваш. Креваат раменици, негодуваат, велат дека веќе одаман од нив не очекуваат ништо.

„Од Владата? Моментално не очекувам ништо.“

„Не, не ме интересира тоа мене, и сами гледате како е. За мене е добро, со жената зедно земаме 30 илјади, за вас млaдите не чини.“

„Би требало да подобрат нешто.“

„Се надеваме да оди на подобро, па сега ќе видиме, времето ќе покаже.“

„На политички план како што тргнало, добро оди.“

Надеж дека економската криза ќе не одмине

Пред крајот на годината собранието го изгласа буџетот од 159 милијарди денари, буџетскиот дефицит е 2,5 проценти од БДП и растот на БДП е проектиран на 4,5 проценти. Буџетот беше изгласан и покрај сите предупредувања од меѓународната заедница да се штеди и покрај нивните проекции кои за речиси двојно се пониски од оние на власта.

До кога ќе живееме на „рабуш“, до кога? Се ќе задолжите и потоа повеќе никој нема да може да ја извади Македонија од тешката ситуација. Ја водите државата кон ситуацијата во некои соседни земји како што е Грција.
Марјанчо Николов, СДСМ.
Буџетот предвидува зголемување на капиталните расходи за 28 отсто, а повеќе пари ќе има и за образованието, здравството и инфраструктурата. Министерот за финсии Зоран Ставрески објасни дека буџетот е флексибилно скроен за да може да се адаптира на состојбите и ризиците доколку е тоа потребно.

Опозициските пратеници, пак, оценија дека буџет е нереален и покажува тенденција на пораз. За Марјанчо Николов од СДСМ, буџетот е само список на желби скроен за богата, трошаџиски настроена Влада, додека луѓето
Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.
Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.
живеат на кредит.

„До кога ќе живееме на „рабуш“, до кога? Се ќе задолжите и потоа повеќе никој нема да може да ја извади Македонија од тешката ситуација. Ја водите државата кон ситуацијата во некои соседни земји како што е Грција.“

Бизнис заедницата од Владата побара брз и одржлив економски раст, поддршка пред се за малите и средните претпријатија, како и навремено подмирување на државниот долг кон компаниите.

Вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски вели дека, што се однесува до економските состојби, треба да се биде умерен оптимист. Со оглед на ефектите од должничката криза кои почнуваат да се чувствуваат и кај нас, ќе мора да се прилагодуваме кон новонастанатите состојби, вели Пешевски.

„Состојбата во Германија не е толку загрижувачка колку во останатите држави, но оваа земја како моторна сила, наш водечки и трговски партнер на земјите со кои ние имаме значителна трговија, укажува дека за нас можеби тие ефекти нема да бидат толку нагласени колку што се на ниво на цела Европа гледано интегрално“, изјави Пешевски.

Додека навистина не ни се стемни, нема да ни се раздени

Македонија се врти во круг, три чекори напред, па два назад, а излезот од оваа состојба аналитичарите го гледаат во граѓаните. Ако тие не одлучат дека нешто треба да се промени, работите и понатаму ќе бидат вакви заклучуваат експертите.
Единствен услов да се тргне напред е да се лоцираат проблемите. Понатаму да се работи на нив, притоа секој треба да работи колку што може. Не само политичарите, туку и самите граѓани. И ако јавноста, односно граѓаните не се доволно критички настроени, стануваат лесен плен на манипулации, тогаш не може да се очекува дека ќе има некои посебни промени.
Здравко Савески, професор.

Секогаш за неприликите во земјата ќе се бараат виновници и надвор од земјата и внатре, вели професор Здравко Савески.

„Единствен услов да се тргне напред е да се лоцираат проблемите. Понатаму да се работи на нив, притоа секој треба да работи колку што може. Не само политичарите, туку и самите граѓани. И ако јавноста, односно граѓаните не се доволно критички настроени, стануваат лесен плен на манипулации, тогаш не може да се очекува дека ќе има некои посебни промени.“

Додека не ни се стемни, нема да ни се раздени, вели професор
Алајдин Демири.

„Луѓето се освестуваат. Секој ден е се потешко, тоа веќе е очигледно, институциите секој ден се се повеќе агресивни. Онаа тенденција на Балканот, оној синдром, не може ништо да промени се додека не се влоши ептен, изгледа дека таа тенденција пак ќе ја следиме, и таа тенденција ќе ја снајде Македонија во сите погледи.“

Некогаш одамна нашите предци при преминот од една година во друга, се кителе со перја, кожи, рогови, ги бркале лошите душови и поскувале убави желби за престојната година. Ние денеска на крајот од годината правиме рекапитулари, се фалиме за успесите, жалиме за пропуштеното, се надеваме дека новата година ќе ни даде нови можности. А Македонија веќе искористи многу карти, пропушти многу возови и климаво стои на зацртаните патишта. Но никогаш не се знае, можеби токму оваа 2012-та ќе биде „клучна“.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG