Нели е Нова година, па и ние со желбите до Дедо Мраз во нашиот Хајд парк: што посакувате во 2012 и што очекувате од Владата? Има еден интересен одговор или коментар на човек засегнат од неправедните високи сметки за електрична енергија: нашиот редовен С дупло В, кој одамна не се јавил со своите коментарите прашува:
Дали ќе се најде човек од мајка роден што ќе го покрене прашањето за незаконското наплаќање на 33,33% на сметките за струја?, но, продолжува слушателот, бидејќи во ова Македонија ни Дедо Мраз не може да го стори тоа, очекувам токму заради ова долгогодишно крадење на народот со амин на Владата... истата да падне.
Милка има сосема различно мислење, пишува дека од ова Влада поарна здравје, а Борис очекува Владата да си поднесе оставка, ама не за да дојде СДСМ на власт, туку некаква влада на широка коалиција, како во Грција. Само таква влада ќе може да го реши проблемот со името и Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ, а после ќе биде полесно, коментира Борис.
Слушател што себеси се нарекува „Антивладин демонстрант“, а, како што пишува, „Ме има насекаде“, - во Новава година посакува ова влада да си оди што побрзо, и смета дека никогаш не е доцна Македонија да се прероди. За текстот околу поскапувањата на струјата и на парното, С дупло В повторно испратил коментар во кој на крајот пишува: па, македонски народе, штом молчиш, значи ти е добро.
Слушател потпишан со „ДВЈ“, смета дека на Владата и на нејзиното расфрлање со народните пари за се' и сешто всушност и одговараат овие поскапувања, зашто, вели, повисоки сметки, повисок ДДВ.
Нашиот текст, всушност информација за реакциите на опозицијата која смета дека Владата само симулира дека сака преговори за името, со наслов: „Власта да бара решение, а не алиби“ повторно предизвикал негативни коментари од неколкумина слушатели и обвинувања дека текстовите се само за да ја оцрнат власта, без разлика колкава штета ќе и се нанесе на Македонија.
Слушателите Јордан и Рецензент во принцип се на исто и во принцип пренесувањето на мислењето и на опозицијата го сметаат за погрешно, па предлагаат спомнатите личности во информацијата, Андреј Петров, Артан Груби и Зијадин Села да се прекрстат па да виделе како било.
Дали ќе се најде човек од мајка роден што ќе го покрене прашањето за незаконското наплаќање на 33,33% на сметките за струја? Но, бидејќи во ова Македонија ни Дедо Мраз не може да го стори тоа, очекувам токму заради ова долгогодишно крадење на народот со амин на Владата... истата да падне.Коментар на читател.