Достапни линкови

Дали сметките за струја и парно ќе ја прелеат чашата?


Околу 80 отсто од вработените имаат плата пониска од просечната, а повеќе од 30 отсто од работоспособните се невработени.

Во Македонија сите граѓани сметаат дека ако струјата поскапе луѓето помалку ќе ја трошат. Според истите согледувања, од Нова Година нереално е да се очекува дека и потрошувачката ќе скокне зaшто повисоките сметки за струја ќе доведат и до поскапување и на останатите животни продукти. Некои размислуваат дека компниите треба да го рационализираат своето работење, а бунтот против поскапувањата на струјата и претходно на парното засега се огледува во тоа што се повеќе граѓани размислуваат да почнат да користат алтернативни начини на греење.
Најголема ставка ми е парното, ужасно многу и размислувам да се откажам од парното греење. Размислував за струја, ама еве и овој проблем сега се појавува, но се размислува и за некој еко-систем за греење.
Анкетиран граѓанин.

„Најголема ставка ми е парното, ужасно многу и размислувам да се откажам од парното греење. Размислував за струја, ама еве и овој проблем сега се појавува, но се размислува и за некој еко-систем за греење.“

Нема штедење, тоа е. Единствено е добро што се грејам на дрва, еве има две години. Претходно плаќав по 10 илјади струја.“

„Знаеме каква е ситуацијата, колкави се примањата, веројатно ќе настане проблем околу плаќањето, да успее човек тековно да ги плаќа сметките.“
Во основа, Македонецот премногу трпи. Тој се адаптира на одредени ситуации за да преживее и знае да се снаоѓа во такви ситуации што можеби во некои култури не е случај.
Весна Димитриевска, универзитетски професор.

Разочарансота на луѓето расте зашто во Македонија има 30 проценти невработени. За околу 20 насто од 630-те илјади вработени платата е околу 8 илјади денари. За други 27,6 проценти таа изнесува од 8 до 12 илјади денари, а други 30 насто земаат меѓу 12 до 20 илјади денари месечно. Социлозите, кои анализираат како во вакви услови на постојани поскапувања ќе егзистираат граѓаните, велат дека семејствата многу тешко може да егзистираат според меѓународно признаени стандарди, но и оти нашиот просечен граѓанин се адапатира и се снаоѓа во неформалниот сектор.

„Во основа, Македонецот премногу трпи. Тој се адаптира на одредени ситуации за да преживее и знае да се снаоѓа во такви ситуации што можеби во некои култури не е случај. Снаоѓањето, можеби не во формалниот сектор, туку се повеќе во неформалниот сектор, понатаму користејќи ги бенифициите што ги даваат банките, кредитни картички, позајмици“, вели професор Весна Димитриевска.

Во изминатиот период дојде до најголемите порасти за оние продукти кои најмногу се застапени во нашата потрошувачка. Според Заводот за статистика, споредено, храната и безалкохолните пијалоци во 2011 со ноември 2010, се зголемилe за дури 5,1 процент. Треба да потсетиме дека семејствата во Македонија трошат околу 60 проценти од приходите на основни потреби, купување храна и плаќање сметки за комуналии и електрична енергија, што зборува во прилог на тоа дека животниот стандард е на ниско ниво.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG