Од надлежните инститициите засега освен дека ја прифатиле поканата не може да се добијат дополнителни информации за тоа како Македонија ќе настапи на средбата која што од канцеларијата на преговарачот Метју Нимиц е најавена на 16 и 17 овој месец во Њујорк.
Одвоените средби на Нимиц со преговарачите Зоран Јолевски и Адимантиос Василакис доаѓаат по подолго време. Последна таква средба од сличен формат се одржа во февруари минатата година.
Нашите соговорници потсетуваат дека до истите доаѓа по исходот од судскиот процес на Македонија против Грција пред меѓународниот суд во ХАГ. Професор Стево Пендровски вели дека клучен елемент треба да ни биде тоа што ја добивме позитивната пресуда.
„Значи, според мое уверување, македонската преговарачка позиција мора да се обиде да ја зграби овој пат позитивната одлука на Хашкиот суд и од таа позиција да се обиде да влезе во една дипломатска офанзива и во рамките на преговоирите, меѓутоа и да лобира и кај другите клучни фактори пред се мислам на Вашингтон, кои може да влијаат на атмосферата на преговорите.“
На прашањето како треба да настапи Македонија, од СДСМ изјавуваат дека власта ја има одговорноста за тоа, а дека опозицијата е тука доколку има потреба од тоа власта да бара консензус за клучно прашање.
„На прашањето како треба да настапи? Треба да настапи
аргументирано и во одбрана на државните интереси меѓутоа со тенденција да го реши спорот, а не со тенденција да не го реши “, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Исто така важно е да се каже дека во мај во периодот меѓу 20 и 21 во Чикаго ќе се одржи Самитот на НАТО потсетуваат од ДУИ. Од оваа партија велат дека го поздравуваат повторното активирање на разговорите околу прашањето за името.
„Да се искористи секој ден до самитот во Чикаго, нашите напори се концентрирани до тој самит Македонија да најде, да се најде начин како да станеме членка на НАТО, така да секоја форма што ќе доведе до решавање на ова прашање за нас е прифатливо“, изјави Бујар Османи од ДУИ.
Од канцеларијата на преговарачот Нимиц беше објавено дека средбите на 16 и 17 во Њујорк се со намера да го поттикнат продолжувањето на разговорите со цел да се постигне напредок во разрешувањето на спорот со името.
Во меѓувреме, на темата по прашањето за името медиумите во Атина објвија дека се одржала средба меѓу претседателот на Грција Папуљас и шефот на дипломатијата Ставрос Димас.
Македонската преговарачка позиција мора да се обиде да ја зграби овој пат позитивната одлука на Хашкиот суд и од таа позиција да се обиде да влезе во една дипломатска офанзива и во рамките на преговорите, меѓутоа и да лобира и кај другите клучни фактори пред се мислам на Вашингтон, кои може да влијаат на атмосферата на преговорите.Стево Пендаровски, професор.
Одвоените средби на Нимиц со преговарачите Зоран Јолевски и Адимантиос Василакис доаѓаат по подолго време. Последна таква средба од сличен формат се одржа во февруари минатата година.
Нашите соговорници потсетуваат дека до истите доаѓа по исходот од судскиот процес на Македонија против Грција пред меѓународниот суд во ХАГ. Професор Стево Пендровски вели дека клучен елемент треба да ни биде тоа што ја добивме позитивната пресуда.
„Значи, според мое уверување, македонската преговарачка позиција мора да се обиде да ја зграби овој пат позитивната одлука на Хашкиот суд и од таа позиција да се обиде да влезе во една дипломатска офанзива и во рамките на преговоирите, меѓутоа и да лобира и кај другите клучни фактори пред се мислам на Вашингтон, кои може да влијаат на атмосферата на преговорите.“
На прашањето како треба да настапи Македонија, од СДСМ изјавуваат дека власта ја има одговорноста за тоа, а дека опозицијата е тука доколку има потреба од тоа власта да бара консензус за клучно прашање.
„На прашањето како треба да настапи? Треба да настапи
Да се искористи секој ден до самитот во Чикаго, нашите напори се концентрирани до тој самит Македонија да најде, да се најде начин како да станеме членка на НАТО, така да секоја форма што ќе доведе до решавање на ова прашање за нас е прифатливо.Бујар Османи, ДУИ.