Достапни линкови

Хаг нема да ги интензивира преговорите за името


Посредникот Нимиц изјави дека на пресудата во Хаг треба да се гледа како на можност за поведување нови иницијативи за конечно решавање на прашањето за името.
Посредникот Нимиц изјави дека на пресудата во Хаг треба да се гледа како на можност за поведување нови иницијативи за конечно решавање на прашањето за името.

Одлуката на судот во Хаг нема да ги интензивира преговорите за името меѓу Македонија и Грција, оценуваат експертите. Меѓународните преставници на одлуката гледаат како на поттик за интензивирање на преговорите.

По одлуката на судот во Хаг, домашните експерти не очекуваат интензивирање на преговорите за името меѓу Македонија и Грција. Некои од нив посочуваат дека правната одлука во полза на Македонија не треба да се меша со политичката димензија на процесот, па според тоа не очекуваат деблокирање на преговарачкиот процес.
Прашањето за името, независно од пресудата во Хаг, нема да донесе суштинско интензивирање на преговорите, затоа што прашањето по мое убедување во политичка смисла е архивирано и во Скопје и во Атина.
Стево Пендаровски, професор и аналитичар.

„Не предвидувам дека наредниот период тоа ќе се случи повторно. Прашањето за името, независно од пресудата во Хаг, нема да донесе суштинско интензивирање на преговорите, затоа што прашањето по мое убедување во политичка смисла е архивирано и во Скопје и во Атина“, изјави професор Стево Пендаровски.

Има голема разлика во толкувањата на пресудата од македонска страна и од Меѓународната заедница, посочуваат политичките аналитичари. Иако за македонската официјална политика пресудата во полза на земјава треба да ги олесни евроатланските интеграции, за меѓународните претставници таа е само поттик за интензивирање на преговорите за името.
Марк Тонер - портпарол на Стејт Департментот
Марк Тонер - портпарол на Стејт Департментот

„Во основа мислам дека ние едноставно ќе ургираме до политичките раководства на двете земји да ја искористат оваа судска одлука како можност за дополнителна енергија во нивните напори за прашањето на името“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер, по повод одлуката на суд во Хаг.

Дефинитивно треба да продолжи да преговара за да се изнајде решение за името. Тоа што мене ме загрижува е фактот што правно гледано ако Грција има обврска да не ја попречува Македонија во евроинтеграциите, Македонија може да биде незаинтересирана да го реши спорот.
Беким Кадриу, универзитетски професор.
Дека лидерите на двете земји треба да го искористат своето лидерство со цел да дојдат до решение од кое корист ќе имаат двете земји, се согласува и професорот по меѓународно право Беким Кадриу.

„Дефинитивно треба да продолжи да преговара за да се изнајде решение за името. Тоа што мене ме загрижува е фактот што правно гледано, ако Грција има обврска да не ја попречува Македонија во евроинтеграциите, Македонија може да биде незаинтересирана да го реши спорот, оти нејзиниот пат до НАТО и ЕУ треба да биде слободен, ако Грција има таква обврска, но од друга страна имаме различна ситиуација, гледаме дека патот пак не е слободен.“

Проблемот со името не се рефлектира само на односите меѓу Македонија и Грција, туку истиот стана алиби и кај други меѓународни фактори, вели Кадриу.

Иницијатива од страна на посредникот Метју Нимиц очекува само ако за тоа покажат добра волја двете засегнати страни.

„Ако гледа дека има подобро расположение, тој може да излезе со некој поконкретен предлог, а инаку обврската генерално си останува, преговорите треба да си продолжат и да се најде решение“, заклучува Кадриу.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG