Веста за смртта на Ким Џонг Ил денеска беше објавена на државната телевизија. Ја прочита расплакaна спикерка облечена во црно.
„Објавувам со најголема тага дека нашиот голем лидер Ким Џонг Ил почина поради ненадејна болест на својот пат на 17 декември 2011 година.“
69-годишниот Ким Џонг Ил, според извештаите, починал од срцев удар додека патувал со воз.
Тој во 2008 година претрпел мозочен удар, но неговите последни посети на Кина и на Русија сугерираа дека неговото здравје се подобрило. Ким Џонг Ил беше познат како љубител на добри пури, коњак и гурмански јадења, па се верува дека имал дијабетис и срцеви заболувања.
Во првите реакции за веста од Пјонгјанг, Белата куќа соопшти дека ги следи настаните и оти Соединетите Држави остануваат посветени на стабилноста на Корејскиот Полустров. Јужнокорејските медиуми јавуваат дека нивната војска била ставена на повисок степен на готовност, а претседателот Ли Мијунг Бак повика на смиреност.
Севернокорејската телевизија соопшти дека погребот на Ким Џонг Ил ќе се одржи на 28 декември во Пјонгјанг. Од 17 до 29 декември се денови на жалост.
Тој ја наследи власта откако неговиот татко, основачот на Северна Кореjа Ким ил Сунг почина во 1994 година.
Веста за неговата смрт доаѓа во време кога Северна Кореа го почна процесот на пренесување на власта врз неговиот трет син Ким Џонг Ун за кој се верува дека се уште нема триесет години.
Државните медиуми го повикаа населението да го признае новиот лидер.
„Сите членови на партијата, војската и јавноста мора да ја почитуваат власта на другарот Ким Џонг Ун“, наведува државната новинска агенција.
И покрај изгледниот наследник, познавачите на севернокорејските состојби стравуваат дека можната задкулисна борба за власт може да доведе до нестабилност во таа земја која поседува нуклеарно оружје и која е една од најизолираните во светот.
Севернокорејската легенда вели дека Ким Џонг Ил бил роден на планината Паекду во 1942 година, а предвесник на тоа било појавата на виножито и сјајна нова ѕвезда. Советските записи, пак, велат дека тој бил роден на Сибир во 1941 година.
Неговиот татко Ким Ил Сунг, кој со години од Русија се бореше за независност од колонијалното владеење на Јапонија, како комунистички лидер се појави во Северна Кореја по јапонскиот пораз во Втората светска војна во 1945 година.
Со полуостров поделен меѓу просоветкиот север и проамерикиот југ, Ким дојде на власт како прв лидер на Северна Кореја во 1948 година. Две години потоа Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја по што избувна граѓанска војна која траеше три години, предизвика многу жртви и дефинитивно го подели полустровот.
Сталинистичкиот стил на владеење и денеска е присутен во земјата каде што портретите на Ким Ил Сунг и неговиот син висат во секоја зграда во Северна Кореја. Ким Џонг Ил верно ја спроведуваше политиката на татко му во изградбата на земјата како воена сила, сега е петта во светот, и по цена на гладување на населението. Голем број бегалци од Северна Кореја велат дека освен глад, таму имало и политички прогони, што Пјонгјанг ги негира.
Процесот за разоружување на Северна Кореја со посредство на големите светски сили почнат пред неколку години и натаму е стопиран. Ким Џонг Ил за проблемите во земјата ги обвинуваше Соединетите Држави, а Јужна Кореја ја сметаше за кукла во рацете на западните земји.
Американскиот претседател Џорџ Буш во 2002 година изјави дека Северна Кореја, Иран и Ирак претставуваат, како што рече, оската на злото.
„Објавувам со најголема тага дека нашиот голем лидер Ким Џонг Ил почина поради ненадејна болест на својот пат на 17 декември 2011 година.“
Објавувам со најголема тага дека нашиот голем лидер Ким Џонг Ил почина поради ненадејна болест на својот пат на 17 декември 2011 година.Објава на државната телевизија.