Достапни линкови

Воени игри на Корејскиот Полуостров


Жители на јужнокорејскиот остров Јеонгпиеонг седат во скривница со гас-маски
Жители на јужнокорејскиот остров Јеонгпиеонг седат во скривница со гас-маски
Војската на Јужна Кореја, соопшти дека одржа 90 минутни-артилериски вежби на Јеонгпиеонг островот кој на 23 ноември беше ракетиран од Северна Кореја и при што загинаа 4 лица. Авионите на Јужна Кореја исто така летаа над оваа територија за да возвратат евентуална акција на Северна Кореја. Портпаролот на Јужно корејското министерство за надворешни работи Ким Јанг Сун изјави.

„На островот Јеонгпиеонг започнаа вежби кои се редовни и оправдани со цел да се одбрани нашата територија. Станува збор за прашање на сувереноста.“

Пред денешните вежби властите им наредија на цивилите на островот да одат во засолниште поради загриженоста дека Северна Кореја би можела повторно да ракетира.



Од друга страна , Советот за безбедност на ОН синоќа не успеа да постигне заеднички став во врска со тензиите меѓу Јужна и Северна Кореја. Кина и Русија кои се сојузници на Северна Кореја биле резервирани околу било какво решение кои ќе ги осуди постапките на Северна Кореја. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин ја предупреди Јужна Кореја да не започнува вежби.

„Јас не сакам ни да говорам генерално за тоа дали е соодветно да се одвиваат воени вежби во спорно подрачје, но знам дека е подобро да се воздржат во овој момент.“

Дипломатите по осум часовни разговори соопштија дека несогласувањата меѓу нив неможат да бидат преовладани. САД и некои други членки на советот ја осудуваат Северна Кореја за двата смртоносни напади врз цивили од нивниот јужен сосед.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG