Севернокорејската владејачка комунистичка партија на 28 септември во Пјонгјанг избира ново раководство. На состанокот се очекува најмладиот трет син на Ким Џонг Ил да биде промовиран на важна функција, која потоа ќе му го отвори патот кон врвот или, како што се нарекува позицијата Драг лидер.
„Ова е нешто екстремно важно. Тоа не е целосен конгрес. Тие не одржале таков веќе 30 години. Но тоа е состанок на активисти кои го претставуваат конгресот“, вели Ејдан Фостер Картер, експерт од Универзитетот во Лидс.
Тој додава дека уште минатата година се појавија гласини дека Ким Џонг Ум е изборот на неговиот татко за нов лидер. Минатиот месец севернокорејскиот лидер ја посети Кина, потег на кој се гледа како на претставување на неговиот син на кинеското раководство. Фостер Картер додава дека за Ким Џонг Ум кој студирал во Швајцарија малку се знае и оти не постојат негови понови фотографии.
„Тој има околу 27 години, сака кошарка, многу е мирен, но и според некои наводи, и многу тврдоглав. Како и да многу малку знаеме за него.“
Јужнокорејските разузнавачи велат дека Пјонгјанг покренал кампања за пропагирање на Ким Џонг Ум во која биле вклучени и поеми кои го величаат. Неговиот 68-годишен татко, се верува дека пред две години претрпел мозочен удар и оти неговото здравје е многу нарушено заради што почесто престојувал на третман во Кина.
Најавениот состанок ќе биде прв поголем собир на Работничката партија од 1980 година кога Ким Џонг Ил беше претставен од неговиот татко Ким Ил Сунг, кој во 1994 година почина од срцев удар, а неговото место го презеде Ким Џон Ил. Оттогаш оваа земја која поседува нуклеарно оружје се повеќе се изолираше од светот. По се изгледа сега тој се подготвува на слична тразиција.
Вниманието исто така е насочено и кон сопругот на сестра му на Ким Џонг Ил, Џанг Сонг Таек кој во јуни беше промовиран за потпретседател на моќната Комисија за национална одбрана.
„Искрено, доколку Ким Џонг Ил чија здравствена состојба е несигурна почине утре, мислем дека Џанг Сонг ќе биде регент се додека Ким Џонг Ум не биде подготвен да го преземе лидерството“, вели експертот Фостер Картер.
Инаку состанокот се одржува за време на подготовките на прославите по повод 65-годишнината од формирањето на Севернокорејската работничка партија на 10 октомври.