Во интервју за Њујорк Тајмс, претседателот Барак Обама вели дека исклучок во новата построга политика за употреба на нуклеарното оружје ќе бидат земјите кои не ги исполнуваат меѓународните обврски како Иран и Северна Кореа. Документот под наслов Ревизија на нуклеарниот став, според извештаите, е и со цел да се убеди Русија да го стори истото.
До него доаѓа на два дена пред планираното потпишување во Прага на новиот руско-американски договор за контрола на вооружувањето, што е наследник на СТАРТ, чија важност истече во декември минатата година. Кингстон Риф, заменик директор во вашингтонскиот центар за контрола на вооружувањето вели дека новиот документ всушност претставува стратегија за нуклераното оружје за наредните пет до десет години.
„Тоа претставува трет таков сеопфатен преглед на американската политика за нуклеарното оружје од крајот на Студената војна. Првиот беше составен од админситрацијата на Бил Клинтон во 1994, а вториот од Џорџ Буш во 2002 година.“
Според Риф, новата стратегија е тесно поврзана и со претстојниот самит во Вашингтон на кој 40 шефови на држави ќе разговараат за глобалната нуклеарна безбедност.
„Мислам дека постои поврзаност. Пред една година претседателот Обама одржа говор во Прага во кој ја искажа својата визија за свет без нуклеарно оружје. Новата стратегија би можело да ја рефлектира таа визија, но исто така би можело да биде извесен статус кво документ во кој се наведува дека нуклераното оружје се уште е важно за американската безбедност како за време на Студената војна.“
Риф додава дека и самата најава за намалување на нуклеарниот арсенал може да ја ослаби американската позиција во убедувањето на другите земји да го сторат истото. Што се однесува до тоа дали и колку документот на администрацијата на Обама ќе се разликува од документите на Клинтон и Буш, тој вели:
„Мислам дека од една страна тој ќе биде различен од претходните два, но од друга страна ќе биде сличен. Клучно по што ќе се разликува е ставањето акцент врз постојните закани за американската национална безбедност, како што се например нуклеарниот тероризам и напорите на другите земји да дојдат до атомско оружје“, оценува Кингстон Риф заменик директор во вашингтонскиот центар за контрола на оружјето.
Новиот документ, според него, претставува пред се, тест за напорите на претседателот Барак Обама во спроведувањето на една од неговите клучни надворешно политички иницијативи - поширока контрола на нуклеарното вооружување во светот.

Клучно по што ќе се разликува новиот документ од претходните е ставањето акцент врз постојните закани за американската национална безбедност, како што се на пример нуклеарниот тероризам и напорите на другите земји да дојдат до атомско оружје.