Ова се прашањата на кои одговор се обиде да добие Григориј Фајфер од Централниот деск на Слободна Европа. Американскиот Претседател Барак Обама имено ја презеде функцијата со ветување дека ќе се обиде да ги поправи односите со Русија, како дел дел од неговата стратегија за ремонт на надворешната политика. Неговото ветување предизвика загриженост во Источна Европа, дека Вашингтон ќе ја ослабне поддршката во прилог на подобри односи со Москва. Тоа, исто така, покрена сомнеж дали политика на Обама ќе ја добие подршката во Западна Европа, каде што мислењето за Русија е поделено.
Првото официјалното „ресетирање“ на односите меѓу Соединетите Држави и Русија се одржа во јули. Тоа беше кога Барак Обама ја поести Москва за да ја објави политиката чии детали веќе беа истакнати од потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон. Во својот говор надвор од Кремљ, американскиот претседател ја критикуваше Москва за старите претпоставки, меѓу кои и руската желба да се натпреваруваат со Соединетите држави од една спротивна сфера на влијание:
"Овие претпоставки се погрешни. Во 2009, една голема сила не треба да покажува доминантен однос кон други земји. Деновите кога империи третираа суверени држави како фигури на шаховската табла се завршени."
Обама посочи на Грузија, американски сојузник врз кој Русија изврши инвазија минатата година по што односите со Запад станаа како од времето на Студената војна. Тоа се случи по годините на влошување на односите. Мајкл Мек Фаул, директор за руски и евроазиски работи при американскиот Национален совет за безбедност е главен архитект на политиката на администрацијата на Обама кон Русија. Во изјавата за новинарите пред самитот во јули, тој рече дека Вашингтон нема илузии за погледот на руските официјални лица.
"Соединетите Држави се сметаат за противник. Сигурен сум дека меѓу себе кога зборуваат за нас зборуваат многу по студено. Тие мислат дека нашата цел е да се направи Русија послаба, а опкружувањето на Русија, да се направи посилно“
Мек Фаул рече дека Вашингтон почна да бара излез од сегашниот ќор-сокак во односите со еден нов вид реализам. Вашингтон, рече тој, ќе го претстави својот поглед врз спорните прашања многу експлицитно согласно националните интереси, пред се обидувајки се да најде начини за соработка со Русија. Америка на пример нема намера да ја напушти подршката на Украина и Грузија две демократии за кои постои остро противење на Русија за членство во НАТО. Станува збор за цела низа прашања од широк карактер и според Маршал Голдман од Универзитетот Харвард идејата за ресетирање на односите веќе ја намали тензијата меѓу Москва и Вашингтон.
"Обама гледа на цела низа на прашања одново. Значи ова може да биде важна пресвртна точка во историјата на светот."
Рускиот претседател Дмитриј Медведев, ги поздрави иницјатиовите на Барак Обама за време на самитот во јули:
"Новата администрација на чело со Претседателот Обама ја покажува својата подготвеност да ја промени ситуацијата и да се изградат по ефикасни, посигурни и на крај и по современи односи. Ние сме подготвени да го играме нашиот дел."
Некои, од друга страна, гледаат на некои акции на Кремљ, како на намера да заземе став во текот на следните можни геостратегиски битки меѓу Русија и на Западот.. Виктор Кременшчук од Московскиот американско канадски институт смета дека проблемот е во вредностите
"Ние сме различни. И тоа е предизвик, бидејќи и со вакви различни вредности, можеме се уште да живееме заедно? Тоа е вистинското прашање."
Кременшчук вели дека успех на Обама во ресетирањето на односите е да се постигне договор за замена на СТАРТ договорот за нуклеарно разоружување до крајот на годината. Повеќето аналитичари се согласуваат дека ке има конфронтации или кризи во односите врз кои ке се видат разликите во начинот на кој Вашингтон соработува со Москва.
Да се вратиме за момент на стравот кај некогашните советски сателити дека Вашингтон ќе ја ослабне поддршката кон нив во прилог на подобри односи со Москва. Таканареченото ресетерирање на односите, принуди една група интелектуалци од Источна и Централна Европа на чело со поранешните претседатели на Чешка и Полска Вацлав Хавел и Лех Валенса да испратат писмо во која ја изразуваат својата загриженост до Американскиот Претседател Барак Обама.Чешкиот министер за европски прашања, Стефан Фуле, вели дека потценувањето на важноста на неодамнешното писмо до Обама би било грешка.
"Фактот дека постојат голем број на личности кои посветено работеле за своите земји. Тоа што тие помислиле дека е важно да напишат едно такво писмо, е доказ дека постои такво стравување во овој дел на Европа."
Фуле вели дека е прерано да се суди дали новата политика на Обама кон Русија ке резултира со вистински промени. Но, тој вели дека може да има успех само ако Вашингтон е решителен да не дозволи промена на сферите на влијание
"Тоа е реално само доколку тоа е проследено со силна политика која ке одбие каков било обид да се ре-етаблираат сферите на влијаније."
Некои сметаат дека Вашингтон се соочува со невозможна задача затоа што постои фундаментална разлика во начинот на кои Москва и западните земји го гледаат светот. Во Москва, поранешниот независен законодавец Владимир Разков вели дека во Русија тврдокорни авторитарните водачи ги дефинираат своите интереси.
"Идеолошката основа на Премиерот Владимир Путин и неговиот режим е врз Советскиот модел.
Многумина во поранешниот советски блок се загрижени за тоа дека Москва повторно би можела да превземе интервенција. Многумина веруваат дека ќе биде тоа во Украина, чии претседателски избори во јануари може да ја одредат иднината на земјата.
Она што пак може да е проблем за новата политика на Обама е што Европа нема унифицирана политика кон Русија.
Претседателот Барак Обама велат сака да ја менува природата на односите на Вашингтон со Москва. Но, аналитичарите велат дека нема да биде можно без силна поддршка од европските земји кои се најголеми руски трговски партнери. Кирил Рогов политички експерт вели дека таа поделба во погледите, не е добар предуслов за новата политика на Вашингтон кон Русија. Таа може да успее само со интегрирана европска поддршка:
"Нема збор ддека можностите за Соединетите Американски Држави ќе бидат многу ограничени. Тоа е затоа што Европа е рускиот главен трговски партнер, додека Соединетите Држави се повеќе апстрактен соговорник."
Москва снабдува Европа со една четвртина од својот гас. Некои од земјите од Источна Европа се потпираат на цевководите од советската, а Москва планира два нови гасоводи, кои ќе ја направат Европа уште по зависна од Русија. Маршал Голдман од Универзитетот Харвард вели дека енергијата станува дури и поефикасно средство за надворешна политика од она што беше нуклеарно оружје за време на Студената војна:
"Таа е речиси бескорисна затоа што ако Русија реши да ја користи, Соединетите Држави би се одмаздиле, а некои Европски држави исто така. Но ако Русија денес го прекине или се заканува дека ке го прекине дотурот на енергија, нема со што да се компензира тоа."
Русија работи врз тоа да го поткопа Европското единство често преку профитабилни договори меѓу државниот монопол за гас "Газпром" и енергетските компании од Западна Европа. Меѓу нив, Германскиот Рургас помага да се изгради нов гасовод заобиколувајќи транзитни земји како Украина. Северниот тек е конзорциум на чело со никој друг, туку поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој ја презеде работата само неколку недели откако тој ја напушти функцијата. Затоа кога чешкиот премиер Мирек Тополанек имаше очајнички обид меѓу Москва и Киев за решавање на гасната криза во јануари минатата година, неговите напори беа попречувани од несогласувањето во Европа околу тоа како да се справат со Русија. Имено земјите од поранешниот Советски блок гласно предупредуват за опасноста од Русија.
Но, земјите во Западна Европа многу помалку сакаат да се критикува Москва. Сепак, постојат знаци за постепена промена во европските ставови. Алтернативата за Русија - Проектот за гасоводот Набуко навестува дотур од Централна Азија заобиколувајќи ја Русија. И минатиот март, Европската Унија ја налути Москва со ветувањето дека на Киев ке му даде 3.5 милијарди долари за да модернизира својата гасоводна мрежа, во обид да се избегне уште една гасна криза. Но други веруваат дека вистински европски консензус во врска со Русија ќе се развие само доколку луѓето во Лондон и Париз се чувствуваат загрозени од Русија, како што беа Чесите и другите источно европејци.

Деновите кога империи третираа суверени држави како фигури на шаховска табла се завршени

Ние сме различни и тоа е предизвик да можеме да живееме заедно