Достапни линкови

Вашингтон се откажа од штитот во Средна Европа


Барак Обама во Овалната Соба
Барак Обама во Овалната Соба
Премиерот на Чешка, Јан Фишер на вонредна прес конференција во Прага денеска изјави дека американскиот претседател Барак Обама синоќа му телефонирал во врска со контроверзните планови за инсталирање радар за ракетен одбранбен систем во Источна Европа.

Денеска, нешто по полноќ, претседателот на Соединетите држави Барак Обама ме повика за да ми информира дека неговата влада се откажува од својата намера да изгради антиракетен радарски систем на територијата на Чешка."
Американскиот Претседател ме извести дека неговата влада се откажува од намерата да изгрди анти ракетен систем во Чешка

Радарот базиран во Чешка беше главниот дел од ракетен систем, во кој исто така е вклучено и стационирање на 10 пресретнувачки проектили во Полска. Влијателниот Вол Стрит Џрнал пак денеска пишува дека официјална делегација од Вашингтон е во посета на Полска и на Чешка. Весникот цитира поранешни и актуелни американски функционери со образложение дека причина за овој потег е тоа што Иран нема развиено толкав ракетен систем како што претходно се претпоставувало. Одбранбениот против ракетен штит го започна претходната администрација на претседателот Џорџ Буш како одбрана од можните ирански закани. Американската делегација во Варшава и Прага, вели весникот, ќе се обиде да ги убеди владите дека одлуката за откажување од проектот може да се промени ако Иран покажува знаци на зголемена закана.
Москва жестоко се спротивстави на проектот, сметајќи дека тој е против Русија, а не против Иран и Северна Кореа. Полска и Чешка, стравуваат дека откажувањето од проектот ќе биде знак за Русија дека Соединетите држави го губат интересот за Централна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG