Заменувањето на првите луѓе во американските ресори за безбедност, претседателот Барак Обама го објави во Белата куќа во нивно присуство, но и во присуство на потпретседателот Џо Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон и советникот за национална безбедност Том Донилон.
„Работев со повеќето од луѓето на оваа сцена и тие ја имаат мојата целосна доверба. Тие се лидери со огромен интегритет и талент и своите животи ги имаат посветено во зачувување на безбедноста на нашиот народ.“
Питреус, кој лани во јуни стана командант на силите во Авганистан, најави дека ќе се пензионира од воената служба за да може во септември да ја почне работата во ЦИА, за што претходно му треба одобрување од Сенатот.
Тој во 2003 година како мајор учествуваше во почетокот на инвазијата врз Ирак, а потоа ги предводеше акциите за стабилизирање и обнова, при што покрена изградба на околу четири илјади објекти.
Меѓу Ирачаните тој е познат и како Крал Дејвид.
„Иако, тој и ЦИА се соочени со цел спектар на закани, дејвидовите вонредни познавања за Блискиот Исток и Авганистан го позиционираат да ја води агенцијата во нејзините напори да ја порази Ал Каеда“, изјави претседателот Обама.
Сепак, Питреус ќе се конфронтира и со некои непознати за него предизвици, како сајбер-безбедноста, Северна Кореја и иранската нуклеарна програма.
Неговото место во Авганистан ќе го преземе генерал полковник Ален кој во моментов е втор човек во американската централна команда.
До овие измени доаѓа во многу важна година во која, како што велат некои аналитичари, Вашингтон ќе се обиде да ја калибрира својата надворешна политика во арапскиот свет.
Но, постои и извесна загриженост дека персоналните промени би можеле да и наштетат на американската воена стратегија.
„Јас сум загрижен, бидејќи ова ќе биде четврти командант на мисијата ИСАФ што го именува претседателот Обама. Самиот тој факт не може да не биде вознемирувачки, бидејќи секој нов генерал има свој стил на однесување на кои сите треба да му се прилагодат. Тоа не е здраво за воените напори“, вели Гери Шмит, кој беше извршен директор во Советот за странско разузнавање за време на претседателот Роналд Реган, а сега е директор во американскиот Ентерпрајс институт во Вашингтон.
Претседателот Обама изрази голема доверба дека сегашниот директор на ЦИА Леон Панета ќе биде силен министер за одбрана, особено во моментот кога од овој ресор Обама побара намалување на трошоците.
„Се работи за обезбедување на способноста да преовладуваме во конфликтите во кои сега сме ангажирани и тоа со ограничени ресурси за одбраната на Америка“, изјави Панета.
Белата куќа изрази надеж дека тој навреме ќе ја добие потврдата од Сенатот, со цел сегашниот секретар за одбрана Гејтс да може да се пензионира до крајот на јуни годинава.

Јас сум загрижен, бидејќи ова ќе биде четврти командант на мисијата ИСАФ што го наименува претседателот Обама. Самиот тој факт не може да не биде вознемирувачки, бидејќи секој нов генерал има свој стил на однесување на кои сите треба да му се прилагодат. Тоа не е здраво за воените напори.