Достапни линкови

Прашајте ја Владата колку чини роуд-шоуто


Премиерите на Македонија и на Јапонија, Никола Груевски и Јошихико Нода, на средба во Токио.
Премиерите на Македонија и на Јапонија, Никола Груевски и Јошихико Нода, на средба во Токио.

Тешко се доаѓа до точни податоци колку чинат владините роуд-шоуа за привлекување на странски инвестиции.

Цифрата не ја знае ниту директорот на Дирекцијата на Технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо.

„Треба да се обратите директно до Владата за некаква бројка, јас навистина не ја знам бројката за да можам да ви одговорам.“
Треба да се обратите директно до Владата за некаква бројка, јас навистина не ја знам бројката за да можам да ви одговорам.
Виктор Мизо, Дирекцијата на Технолошко-индустриските развојни зони

Запрашан дали таа е исплатлива во однос на ефектите одговара:

„Не може тоа така директно да се споредува. Ова е долгорочен процес, не е од едно патување, па сега колку можеме во џеб да ставиме, да донесеме назад песок“, вели Мизо којшто ваквите настани ги смета за сосема исплатливи.“

Вицепремиерот за економија, Владимир Пешевски по повод последното роуд-шоу изјави дека пресметките покажувале дека тие и се од корист на македонската економија и дека го зголемиле нивото на странски инвестиции. Нормално е кога се прави промоција на една држава во странство тоа да биде организирано на најдобар можен начин, појасни Пешевски.
Слободната економска зона Бунарџик, ги чека инвестициите
Слободната економска зона Бунарџик, ги чека инвестициите

Повеќечлената владина делегација предводена од премиерот Груевски, и економските министри ги претстави бизнис-можностите на земјава во Њујорк и Детроит, па потоа во Лондон, Виена, Минхен и Дизелдорф, па Токио, Осака и Сингапур, а заврши во Брисел и Хаг. Сите се вратија со оптимизам дека успеале да заинтересираат нови компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во Македонија и со најава на привлечна цифра јапонски инвестиции.
Мислам дека роуд-шоуата не можат да бидат замена за големото прашање - влезот во НАТО. Во моментот кога ќе влезете во НАТО, добар дел од инвеститорите сами ќе дојдат во земјата, без да ги правите сите трошоци коишто сега се прават.
Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Актуелната влада не е од вчера на власт, туку станува збор за еден репрезентативен период во рамките на кој може да се процени дали одредена активност дала резултати, вели потпретседателот на опозициската СДСМ, Зоран Јовановски. Една од нив е привлекувањата на странски инвестиции каде што се вложија огромни средства на реклами и роуд-шоуа при што само се обидува да направи замена на она што треба да биде решено како најважно прашање.

„Мислам дека роуд-шоуата не можат да бидат замена за големото прашање - влезот во НАТО. Во моментот кога ќе влезете во НАТО, добар дел од инвеститорите сами ќе дојдат во земјата, без да ги правите сите трошоци коишто сега се прават“, вели Јовановски.

Кон крајот на летото, владината делегација беше на исто вакво патување во САД, а пред три години на двапати во Италија и еднаш во САД во 2008. Опозицискта СДСМ тогаш излезе со обвинувања дека биле потрошени околу 100.000 евра без никаков резултат.
XS
SM
MD
LG