На Џонсон Мети и Џонсон Контролс ќе им прави друштво уште една компанија во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Американската компанија за производство на кондензатори Кемет Електроникс денеска ќе потпише договор за инвестирање во земјава и ќе го постави камен-темелникот на новата фабрика. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо вели дека објектот на компанијата треба да биде изграден и функционален во рок од една
година.
„Компанијата ќе инвестира во Македонија вкупно 25 милиони евра каде што бројот на вработени се планира да достигне околу 500-тини. Се разбира дека тоа ќе биде фазно, врз основа на потребите на пазарот и обучувањето на работната сила.“
Владата, во трката за привлекувања на странски инвестиции, пласираше рекламни кампањи во странските медиуми и испрати промотори кои треба да најдат компании, кои би го прошириле својот бизнис во Македонија. Не се знае колку точно чинеше економската промоција на Македонија, но се зборува за милионски суми. Економистот Висар Адеми вели дека ефектот од ангажирањето на економските промотори е многу мал.
„Пречките за да се инвестира во Македонија се преголеми, административни понекогаш, и мислам дека тие промотори немаат ништо во своите раце за тоа да го менуваат. Ние со сите наши пари и даноци плаќаме за да оваа голема инфраструктура на луѓе постои и работи, но крајниот ефект е сепак премал, имаме само две или три компании во тие економски зони.“
Мизо, пак, вели дека токму рекламата „Инвестирај во Македонија“ била пресудна американската компанија да се заинтересира да вложи капитал во нашата земја, што значи дека промовирањето на земјава не било залудно.
„Самиот факт што една инвестиција која ќе има над 20 милиони евра и над 500-тини вработени резултирала од оваа кампања, значи дека сето она што сме го направиле вроди со плод и директното присуството на оваа компанија ќе влијае врз нови компании кои ќе ја разгледуваат Македонија и ќе бидат заинтересирани.“
Адеми вели дека на државата и е потребна стратегија и обука на работна сила според потребите на приватниот сектор, бидејќи компаниите имаат проблем со пронаоѓање на квалификуван кадар.
„Тогаш тие проблеми се поголеми од административните бариери што државата се промовира надвор од Македонија дека тоа е успешна земја со мали даноци и немање бариери.“
Според податоците на Народна банка, во првиот квартал годинава во Македонија влегле инвестиции во износ од 204 милиони евра.
Компанијата ќе инвестира во Македонија вкупно 25 милиони евра каде што бројот на вработени се планира да достигне околу 500-тини. Се разбира дека тоа ќе биде фазно, врз основа на потребите на пазарот и обучувањето на работната сила.
година.
„Компанијата ќе инвестира во Македонија вкупно 25 милиони евра каде што бројот на вработени се планира да достигне околу 500-тини. Се разбира дека тоа ќе биде фазно, врз основа на потребите на пазарот и обучувањето на работната сила.“
Владата, во трката за привлекувања на странски инвестиции, пласираше рекламни кампањи во странските медиуми и испрати промотори кои треба да најдат компании, кои би го прошириле својот бизнис во Македонија. Не се знае колку точно чинеше економската промоција на Македонија, но се зборува за милионски суми. Економистот Висар Адеми вели дека ефектот од ангажирањето на економските промотори е многу мал.
„Пречките за да се инвестира во Македонија се преголеми, административни понекогаш, и мислам дека тие промотори немаат ништо во своите раце за тоа да го менуваат. Ние со сите наши пари и даноци плаќаме за да оваа голема инфраструктура на луѓе постои и работи, но крајниот ефект е сепак премал, имаме само две или три компании во тие економски зони.“
Мизо, пак, вели дека токму рекламата „Инвестирај во Македонија“ била пресудна американската компанија да се заинтересира да вложи капитал во нашата земја, што значи дека промовирањето на земјава не било залудно.
Ние со сите наши пари и даноци плаќаме за да оваа голема инфраструктура на луѓе постои и работи, но крајниот ефект е сепак премал, имаме само две или три компании во тие економски зони.