Достапни линкови

Власта повторно најавува инвестиции


Ќе се зголеми ли конечно бројот на производствени капацитети во Бунарџик?
Ќе се зголеми ли конечно бројот на производствени капацитети во Бунарџик?

Смешни и во прилог на предизборната кампања се најавите на власта дека годинава не очекува зголемен прилив на странски инвестиции, велат експертите.

Очекувањата на власта дека оваа година во Македонија ќе има инвестициски бум за експертите се смешни и се дадени во прилог на предизборната кампања. Неодамна првиот човек на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции Виктор Мизо изјави дека оваа година ќе има зголемен прилив на директен странски капитал и кај
Па тие луѓе се на власт повеќе од пет години и недонесоа ниту една инвестиција, зарем уште сметаат дека овој народ им
верува.

компаниите има интерес како никогаш досега за проширување на нашиот пазар. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека власта пет години не донела една реална директна инвестиција во земјава и не треба да им се верува на очекувањата на Мизо.

„Тој г-дин Мизо чие име овие пет години се слуша многу ретко, сега најде да не изненади една недела пред изборите дека се во некои договори и преддоговори. Па тие луѓе се на власт повеќе од пет години и не донесоа ниту една инвестиција, зарем уште сметаат дека овој народ им верува.“

Мизо изјави дека агенцијата е во преговори со околу десет компании од САД, Германија, Италија, Индија, кои одлуката за инвестирање ќе ја донеле во наредните месеци.

Виктор Мизо, Директор на Агенцијата за странски инвестиции тврди дека се во директни преговори со неколку компании

„Навистина посебно во изминатите два месеци е многу зголемена активноста каде што со околу десетина компании имаме и директни дури и секојдневни контакти, голем дел компании доаѓаат по трет-четврт, дури и по петти пат да ги завршат сите тие процеси на длабинска анализа.“

Според Хајредини, проблемот не е во компаниите, туку во тоа што Македонија не е атрактивна за инвеститорите.
Посебно во изминатите два месеци е многу зголемена активноста, каде што со околу десетина компании имаме и директни дури и секојдневни
контакти.

„Ние немаме правна држава, ние немаме држава со административен капацитет која може да им обезбеди на странските инвеститори сигурност - деловна, политичка и безбедносна.“

Мизо, пак, е оптимист дека компаниите ќе одлучат да ја изберат Македонија наместо другите соседи земји, кои исто така се во игра.

„Врз основа на анализата и знаејќи со која компании со кои земји сме во директна конкуренција.“

Дали најавите за инвестиции навистина ќе станат реалност, допрва ќе видиме.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG