Достапни линкови

Слободните економски зони, празни


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје
Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Слободните економски зони не ја оправдаа целта, бидејќи се покажа дека Македонија не е атрактивна за странските инвеститори, велат експертите.

Недостигот од прилив на странски капитал е поради тоа што земјава е мал пазар, има слаба куповна моќ, а проблем е и бизнис опкружувањето, кое не е на ниво на другите европски земји, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори .
Слободните економски зони беа една проба, да се направат подобори услови и со тоа да се привлечат странските инвеститори, но тоа не даде
резултат.


„Слободните економски зони беа една проба, да се направат подобри услови и со тоа да се привлечат странските инвеститори, но тоа не даде резултат.“

Професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека врз странските инвеститори влијаат ограничувањата на кои наидуваат во процесот на отворање на фирма, како и несигурната политичка клима на Балканот.

Исечок од соопштението за јавност на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања. Преглед за директни странски инвестиции во Централна, Источна и Југоисточна Европа.

„Еден мој пријател странец рече: странските инвеститори се како стаза на слонови, еден оди, десет води. Значи ако еден доаѓа се задоволни, потоа и другите ги носат, меѓутоа очигледно дека има некое незадоволство. Јас мислам дека сепак немаме соодветна деловна клима, која што би била толку позитивна за да привлече инвеститори.“

Според Чекреџи, владата треба да направи нова стратегија за индустриските зони.
Еден мој пријател странец рече: странските инвеститори се како стаза на слонови, еден оди, десет води. Значи ако еден доаѓа се задоволни, потоа и другите ги носат, меѓутоа очигледно дека има некое
незадоволство.


„Со помош на буџетски средства да се направи атрактивно инвестирањето на домашните инвеститори, барем да се стави функција домашната акомулација каква и да е.“

И Зарезанкова Потевска вели дека шанса треба да им се даде на домашните инвеститори.

„Со една постојана промоција и подобрување на условите за стопанисување, мислам дека ќе се надмине тоа или заеднички вложувања домашни и странски, а и на домашните да им се даде предност.“

Во моментов во зоната Бунарџик работат само Џонсон Мети и Џонсон Контрол, а се градат и зони во Тетово и Штип. Владата најави дека економските зони ќе бидат дадени на консеционери кои ќе бидат задолжени да донесат странски инвестиции. За разлика од нив, зоната Сачево во Струмица која не е наменета само за странските фирми, продадени се парцели на 12 домашни и на 4 фирми од надвор.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG