Достапни линкови

Популистичка економија?


Популистичка и предизборна мерка, без долгорочен ефект - оценка на експертите за владината намера за интервенција од стоковите резерви за ублажување на ценовниот шок.

Владината мерка за учество од 40 илјади тони пченица од стоковите резерви за ублажување на ценовниот шок е добредојдена, но краткорочна и предизборна и нема да донесе голем ефект, велат експертите. Тие сметаат дека Владата треба да преземе мерки на долгорочен план. Велат дека е потребно да се намалат непродуктивните буџетски трошења како што се изградбите на спомениците и да воведе нова стратегија за храна и
Министерот за финансии го слушаме вели дека дури имаме и стабилна економија, но ова не е стабилна, ова е сиромашна економија и ова сега е само со цел да предизвика некаков ефект во предизборната кампања.
производство на храна.

Поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини смета дека состојбите во земјава ќе се влошуваат и понатака.

„Министерот за финансии го слушаме вели дека дури имаме и стабилна економија, но ова не е стабилна, ова е сиромашна економија и ова сега е само со цел да предизвика некаков ефект во предизборната кампања. Станува збор за длабоки структурни растројства во економијата, во понудата и побарувачката, така што треба да очекуваме натамошен траен пад на животниот стандард на населението во Македонија.“


Професор Христо Карталов вели дека најголем удар од новите поскапувања ќе претрпи една третина од населението во Македонија кое нема од што да заштеди. Тој додава дека стоковите резерви се ограничени и нема да може долго време да се помага на ваков начин па затоа оваа мерка е само краткорочна.
Непродуктивни инвестиции од спомениците до зградите, до она што е ,,лускузирање" во овие тешки времиња, тоа се инвестиции за владата кои што треба да ги привлечат избирачите и да покажат дека оваа влада нешто
направила.


„На долг рок, Македонија мора да изгради сопствена стратегија во производство на храна и да успее секако да ги деблокира веќе блокираните ресурси, односно, еве земјиштето кое што е вон употреба, треба да го користи, да го вклучи.“

Експерите препорачуваат да се направи и ребаланс на буџетот за да се смири пазарот.

Карталов вели дека наједноставно е ако Владата се откаже од непродуктивните трошења во буџетот за да се пренасочат парите за најранливирте социјалнио групи кои ќе бидат први на удар од поскапувањата.

Деновиве поскапе и струјата

„Непродуктивни инвестиции од спомениците до зградите, до она што е ’лускузирање‘ во овие тешки времиња, тоа се инвестиции за владата кои што треба да ги привлечат избирачите и да покажат дека оваа влада нешто направила.“

Хајредини вели дека ребаланс на буџетот е неопходен, но не очекува такво нешто да се случи. Со трошење на парите за непродуктивни цели се повеќе се навлегува во криза, вели тој.

„Ребаланс или преструктуирање на буџетот има потреба не сега и да не дојдеше до овој пораст на цените во Македонија, требаше да се направи. Тоа помагање на сиромашните тоа го имало во комунизмот, да се ублажи ситуацијата неколку месеци, но овде се работи за длабоки причини кои не можат со никакви ниту стокови резерви, ниту средства од буџетот, на долг рок да го неутрализираат влијанието на економската криза во Македонија.“

Тој не очекува во предизборието ребаланс и кратење, на како што вели, непродуктивните трошења, затоа што така владејачката структура смета дека ќе ги изгуби изборите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG