Задолжувањето со издавање на државни записи ја намалува достапноста на пари до приватниот сектор, се согласуваат бизнисмените, кои тврдат дека со оглед на сегашната финансиска ситуација, банките ја фаворизираат државата како посигурен партнер од стопанствениците.
Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека со записите државата зема дел од капиталот кој би можел да се употреби за економски развој, но и за стимулација на потрошувачката во форма на кредити за населението:
„Земање на тие средства од страна на владата за покривање на непродуктивни трошоци, мислaм дека тоа е погрешна политика и води до стагнантна економија во нашата држава.“
Од банкарскиот сектор неретко забележуваат дека во стопанството има недостиг на одржливи и исплатливи проекти. Гуштеров забележува дека банките бараат безбедни инвестиции.
„Банакрите исто така се вадат на тоа, меѓутоа тие одат со една зихерашка политика – подобрo да земеме добри камати од страна на владата кајaшто е гарант дека ќе ги врати тие средства, отколку да одиме во некои ризични инвестиции во стопанството, кои на денешен ден навистина можат да бидат такви поради финансиската нестабилност на глобално ниво.“
Банките често го користат ова оправдание, забележува и првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендрес Кучи:
„Нивната политика што ја имаат која некогаш е и селективна, спрема одредени бизниси, да не речам и региони, меѓутоа тоа не држи, оти ако една компанија знаела да опстане толку време пред да ги има тие банки тука, веројатно знае да направи и еден бизнис-план како што треба.“
Најголемиот ризик со задолжувањето, сепак го преземаат компаниите, нагасува Кучи:
„И во делот кај што му вреди или не му вреди проектот не би требало тие многу да се опуштаат, затоа што самите ризикуваат компаниите, ако не им чини проектот да пропаднат.“
Стопанските комори и стопанствениците во неколку наврати побараа намалување, па дури и комплетно елиминирање на домашното задолжување, Владата, од друга страна, кон почетокот на месецов повторно организираше аукција на тримесечни записи без девизна клаузула.
Земање на тие средства од страна на владата за покривање на непродуктивни трошоци, мислaм дека тоа е погрешна политика и води до стагнантна економија во нашата држава.
Ристо Гуштеров, бизнисмен.
Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека со записите државата зема дел од капиталот кој би можел да се употреби за економски развој, но и за стимулација на потрошувачката во форма на кредити за населението:
„Земање на тие средства од страна на владата за покривање на непродуктивни трошоци, мислaм дека тоа е погрешна политика и води до стагнантна економија во нашата држава.“
Од банкарскиот сектор неретко забележуваат дека во стопанството има недостиг на одржливи и исплатливи проекти. Гуштеров забележува дека банките бараат безбедни инвестиции.
„Банакрите исто така се вадат на тоа, меѓутоа тие одат со една зихерашка политика – подобрo да земеме добри камати од страна на владата кајaшто е гарант дека ќе ги врати тие средства, отколку да одиме во некои ризични инвестиции во стопанството, кои на денешен ден навистина можат да бидат такви поради финансиската нестабилност на глобално ниво.“
Банките често го користат ова оправдание, забележува и првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендрес Кучи:
И во делот кај што му вреди или не му вреди проектот не би требало тие многу да се опуштаат, затоа што самите ризикуваат компаниите, ако не им чини проектот да пропаднат.Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.