Достапни линкови

Кој ќе ги враќа македонските долгови?


Власта со нов кредит од 130 милиони евра ќе го покрива буџетскиот дефицит за годинава, а дел и за следната година. Министерот за финансии, Зоран Ставрески вели условите, биле поволни, но прашањето е зошто Македонија мора повторно да се задолжува и дома со државни записи и надвор со кредити и кога владата ќе престане да троши на непродуктивни пректи. Парите потрошени на плати се загуба за во иднина, без ралика што сега не сме презадолжени, велат економисти

Македонија се уште не е високо задолжена земја, но тоа не е причина за трошење на позајмени пари за непродуктивни инвестиции и за крпење на дупката во народната каса, коментираат дел од економистите.
Професорот Ванчо Узунов вели дека Македонија се уште не го достигнала плафонот со задолжувањето, но тоа самото по себе не значи дека земјата
Вие сте виделе некој функционер да стапи на функција и да донесе „еден камион пари“? Не, тој зема од граѓаните, така што тие ги враќаат сите кредити во иднината, тоа е најнормална теза и неможе да не се праша стопанството, може или неможе
Ванчо Узунов, универзитетски професор

мора веднаш да земе кредит.

„За секое идно задолжување треба многу детална анализа, каде ќе се инвестира, во што ќе се инвестира, колку е тоа оправдано и како ќе се враќаат парите, дали самите инвестиции каде што ќе бидат вложени парите ќе ги враќаат тие кредити или ќе треба некои алтернативни извори да се бараат, ако е така, кои се тие, ќе ги има ли, нема ли да ги има, значи многу, многу детална анализа, а не само `не сме презадолжени и ќе земаме уште`.“

Без разлика дали задолжувањето е домашно или во странство, ако парите се инвестираат за непродуктивни инвестиции кои не создаваат профит, граѓаните и стопанството ќе го враќаат долгот, објаснува Узунов:

„Ако земете кредит за исплаќање плати ништо не сте направиле туку само сте во загуба во иднина, плата е тековен трошок за изработена работа, тоа треба да биде покриено од тековни приходи планирани во буџетот и ако ги нема средствата тогаш ќе се кратат платите, а нема да се задолжува државата. Вие сте виделе некој функционер да стапи на функција и да донесе „еден камион пари“? Не, тој зема од граѓаните, така што тие ги враќаат сите кредити во иднината, тоа е најнормална теза и неможе да не се праша стопанството, може или неможе.“
Министер за финансии Зоран Ставрески најави ново задолжување од 130 милиони евра
Министер за финансии Зоран Ставрески најави ново задолжување од 130 милиони евра

Освен во странство, власта се задолжува и дома. Речиси секој месец државата дополнително издава државни записи, што на неколку наврати ги предизвика стопанствениците да реагираат. Мирче Чекреџи од Сојузот
„Банките се мераклии да си го пласираат својот капитал таму каде што е сигурно, значи зошто би ризикувале да пласираат пари во стопанството кога можат без голем ризик да пласираат кај владата
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори

на стопански комори забележува дека задолжувањето е намалено, но не е сведено на нула. Зошто задолжувањето по домашните банки не му одговара на стопанството? Чекреџи објаснува:

„Банките се мераклии да си го пласираат својот капитал таму каде што е сигурно, а вие гледате дека инвестицијата во држава е секогаш не сигурна, значи зошто би ризикувале да пласираат пари во стопанството кога можат без голем ризик да пласираат кај владата.“

Според неофицијални информации кои се објавија во медиумите годинава, од до година Македонија за главнина и камати ќе плаќа и до 500 милиони евра годишно. Последниот кредит во износ од 130 милиони евра беше повлечен од Дојче банк и Сити банк за покривање на буџетскиот дефицит. Минатиот месец Владата собра 17,3 милиони евра од домашниот пазар преку аукција на државни записи.
XS
SM
MD
LG