Достапни линкови

Задолжувањето да престане


Економската политика на задолжување треба да престане, бидејќи тоа продуцира негативни ефекти на стопанскиот раст, предупредуваат економистите.

Задолжувањето треба да престане, бидеќи стопанскиот раст не може да компензира за позајмувањето, велат економистите кои ги консултиравме. Зошто е неповолно Македонија да заглибува во долгови? Д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии
Ќе има негативни ефекти бидејќи ќе мора да се враќаат тие долгови и ќе се намалува генерално потрошувачката и тоа ќе има негативен ефект на стопанскиот раст.

објаснува:

„Ќе има негативни ефекти бидејќи ќе мора да се враќаат тие долгови и ќе се намалува генерално потрошувачката и тоа ќе има негативен ефект на стопанскиот раст.“

Во поглед на трошењето на позајмените пари од домашниот пазар и од стопанство за непродуктивни инвестиции, Глигоров вели дека се` зависи од нивото на стопанскиот раст:

Задолжувањето треба да е исклучок по потреба или во време на рецесија, а не континуирана економска политика, велат експертите.

„Доколку стопанството стагнира, тогаш тоа задолжување ќе биде проблем во иднина, доколку без оглед дали е тоа во непродуктивна област или не, се зависи од тоа кои се конечни ефекти на стопанскиот раст. Сигурно подобро е да оди во инвестиции отколку во тековна потрошувачка.“

Целокупната економска политика не може да се заснова на задолжување, вели професор Никола Поповски

„Политиката на задолжување на една земја не може да биде политика на континуирани задолжувања или начин на водење на економската политиката, тоа мора да е по исклучок за одредени потреби или во одредени периоди на рецесија. Денешниот свет во него ја вклучувам и Македонија очигледно ги напушти тие принципи.“
Не може трошењето на јавните финансии да биде постојано субвенционирано со нови кредити, како што е минатата, оваа, па и идната година според проекциите тие се движат на нивото од 200 милиони евра, тоа значи дека за отприлика за десетина години тоа ќе се акумулира на високо ниво.

Далеку сме од најлошото можно сценарио, вели Поповски и дополнува:

„Ние сме далеку од такво сценарио бидејќи нивото на долгот, стартното ниво е ниско, традиционално ние никогаш не сме имале долг поголем од 40-50%, меѓутоа еден ден оваа политика ќе мора да се запре. Значи не може трошењето на јавните финансии да биде постојано субвенционирано со нови кредити, како што е минатата, оваа, па и идната година според проекциите тие се движат на нивото од 200 милиони евра, тоа значи дека за отприлика за десетина години тоа ќе се акумулира на високо ниво.“

Меѓу трошоците од народната каса кои дел од експертската јавност ги смета за непродуктивни се и спомениците. Не се знае точно дали тие се градат со позајмени пари, но се поставува прашањето дали албанскиот коалициски партнер е задоволен од ваквите инвестиции, посебно имајќи предвид дека повеќе се подигаат споменици на личности од македонската историја. Од ДУИ не се достапни за одговор на ова прашање.
XS
SM
MD
LG