Подобро сега да ризикуваме отколку цел живот да жалиме дека не сме се обиделе! Оваа реплика може да ја слушнете во една од рекламите на новата владина кампања. Се вика „Осмели се“, а истата е насочена кон поттикнување и развој на претприемачкиот дух. Во дел од рекламните спотови се забележува ентузијазмот кај млади луѓе да отворат сопствен бизнис, но за да го сторат тоа бараат поддршка од постарите. Така во еден од спотовите ќе го слушнете и ова:
„Ќе земеме кредит, а има и што да заложиме, ако треба и ќе продадеме, ќе позајмиме од роднини, пријатели, а и баба заштедила нешто за овие 40 години.”
Но, колку пораките што ги упатуваат овие реклами соодветствуваат со реалниот живот? Оној во која има висок процент на сиромаштија и кога скоро секој анкетиран граѓанин се жали дека парите не им стигнуваат за да го преживеат тековниот месец.
„Животниот стандард е на нула, работиме само сметките и давачките да си ги платиме.”
„Земаме седум илјади денари плата, дали за вода, дали за струја, дали да јадеш.”
„Три илјада и осумсто денари земам, а три деца имам, невработени, тешко.”
Малку веројатно е и дека од една просечна старосна пензија која изнесува нешто повеќе од 11 илјади денари може да се направи голема заштеда која ќе послужи како капитал за отворање нов бизнис. Поразува и фактот што многу семејства во државава живеат само од пензијата на еден од членовите.
Идејата за поттикнување и развој на претприемачкиот дух е добра, но реалноста е поинаква, вели Љупчо Деспотовски од претприемачкиот сервис за млади, фондација која го поддржува отворањето нови бизниси за млади луѓе.
„Не можеме да очекуваме дека тука рози ќе цветаат, факт е дека е потребен повеќе напор, факт е дека не е лесно и дека е навистина незгодно и веројатноста за неуспех е голема.”
Иако процедурата за регистрација на нова фирма е олесната, брза и не чини многу, Деспотовки потенцира дека во денешни услови многу е тешко млад човек да добие кредит од банка.
„Во принцип банките не сакаат ризични потфати, туку таа е организација која сака убаво да си ги обезбеди парите. Значи кога ќе те види тебе, не се бричиш што се вели, имаш еден бизнис план на десет странички, немаш никаква историја на работење, не сака да ти даде кредит“, изјави Деспотовски.
Упатените потенцираат дека со отворањето на нов бизнис, младите се исправени пред многу натамошни предизвици. Плаќањето разноразни давачки кон државата, враќањето кредити и подготвеноста да се соочите со можните казни е повеќе од добра идеја и амбиција да се има успешен бизнис.

Животниот стандард е нула, работиме само сметките и давачките да си ги платиме.