Сиромаштијата секако влијае врз зачестување на криминалот, но тоа не е единствениот фактор кој придонесува кон појавата на овој општествено неповолен феномен, се согласуваат упатените. Неколкуте провални грабежи во центарот на градот, ограбените супермаркети и ограбени граѓани на улица го покреваат прашањето дали сиромаштијата придонесува кон зачестување на криминалните дејствија? Граѓаните со поделени мислења:
„Да, во секој случај криминалот расте кога сиромаштијата е поголема. Борба за живот.“
„Да крадам, да убивам, не можам. Воспитан сум чесно да го вадам лебот и да работам, а државата треба да преземе мерки за луѓе како мене што се исфрлени на улица.“
Професор Душко Стојановски вели дека повеќе фактори влијаат во создавањето на криминалната личност:
„Еден од тие фактори е сиромаштијата, има прилично голема влијание, меѓутоа не мора да значи дека тоа е клучен фактор, кај сите луѓе е различно. Веројатно имаме и богати луѓе, коишто се занимаваат со недозволени активности и криминал.”
Каде е полицијата? Стојановски забележува дека ефикасноста на македонската полициска сила ги задоволува европските стандарди:
„Меѓутоа целокупните општествени состојби се променија, целокупната состојба во државата се промени, така што мислам дека сме во рамките на она што значи европски стандарди, меѓутоа тоа не е е оправдување за да не работиме посериозно.“
Податоците на Министерството за внатрешни работи покажуваат пораст на криминалот во Македонија. Лани во земјава биле извршени над илјада кривични дела повеќе во споредба со 2009 година.
Сиромаштијата е фактор, но влијае ерозијата на општествените вредности, смета професор Хисен Јашари:
„Влијае сиромаштијата и тоа непосредно влијае врз облиците на криминалот, формите и зачестениот број на криминални дејствија, меѓутоа влијае повеќе мислам дека и ерозијата на моралните вредности.“
Податоците на МВР исто така покажуваат дека лани имало пад на кривични дела извршени од малолетници во споредба со 2009 година.