Бројот на малолетници - деликвенти во Тетовско е ист со минатата година за разлика од светски рамки каде секоја година се бележи раст на оваа негативна појава во општеството. Според Оливера Цветковска од Одделение за малолетници при Центарот за социјална работа во Тетово, малолетничката деликвенција не може комплетно да се спречи , но треба да бидеме среќни ако бројот на малолетници - извршители на кривични дела или воспитно запуштени деца се намали.
„Македонија може да се пофали дека таа бројка е намалена во однос на минатата година, значи веќе почнуваат да функционираат тимовите и тимски да работат разни организации, како училиштата, центрите за социјална работа, родителите. Многу за жал е тешко што возрасната граница се намалува од година во година, додека ние мислиме дека нашите деца се навистина многу мали, дека никогаш нема да се сетат да направат било каква кражба или тепачка со посериозни размери, тие веќе размилуваат на тоа или го извршуваат тоа.“
Според Цветковска, малолетен извршител на кривично дело може да биде секое дете без оглед дали е растено со еден или двајца родители, во богато или сиромашно семејство.
„Има од сите слоеви и економски и едукативни. Едно е заедничко и кај богатите и кај сиромашните и кај тие со високо и кај тие со ниско едукативно ниво родители, занемарена е родителската обврска, воспитната улога, авторитетот на родителот е многу намален во ова време на транзиција што го чувстуваат сите деца.“
Родителите да го минуваат квалитетно времето со своите деца, порачуваат социјалните работници.
„Порака секогаш испраќам до родителите бидјеќи тие се основата за понатамошниот живот на младите, поголемо внимание на децата, мора да седнат да разговараат, да им дадат многу љубов, поддршка и да откријат кое дете има можеби некои афинитети да изврши некое кривично дело.“
Врска родител - дете е многу важна во превенцијата од малолетничката деликвенција. Психолозите сметаат дека успехот секогаш изостанува доколку родителите се предобри или престроги со своите деца, затоа порачуваат дека односот помеѓу детето и родителот секогаш треба да биде фер и другарски.