Отфрлањето на кривичните пријави за РЕК Битола, опозицијата го нарече скандалозно амнестирање и типичен пример за селективна правда околу која упатува веќе подолг период забелешки до власта. Во конкретниот случај ќе се преземат сите политички и правни механизми иако не очекуваат и видливи резултати освен тие да станат достапни за јавноста.
„Кога ги правиме достапни за јавноста очекуваме сериозен ангажман од државните институции. Но, жалам што констатацијата дека сите државни органи и институции се партизирани и функционираат само да го прикриваат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдува.“
Политикологот Здравско Савески вели дека практицирањето на секлективна правда во Македонија е очигледно и со нагорна тенденција. Тоа го загрозува, како што вели, не само исполнувањето на европските стандарди, туку и остварувањето на демократијата и на добриот живот во земјата. Од друга страна, го заострува и политичкиот дијалог, ја намалува политичката култура и начинот на комуникација меѓу власта и опозицијата зашто говорот којшто го упатуваат кон политичкиот противник е се потежок и понавредлив
„Демократијата подразбира културна цивилизирана комуникација. Ако тоа не го прават политичките фактори, тогаш и самите граѓани почнуваат недемократски и нетолерантно да комуницираат меѓу себе.“
Савески вели дека Владата е пред се одговорна и за спроведување на правдата и за воспоставување на што похармоничен политички дијалог, потсетувајќи и на притисоците од европската унија.
Од владејачката партија не успеавме да добиеме одговор што има намера да направи за подобрување на дијалогот меѓу политичките противници во Парламентот.
Што се однесува, пак, на опозицијата, таа најавува дека ќе реагира согласно законот и ќе ги примени сите демократски средства со цел како што вели Бендевска да го поттикне остварувањето на демократскиот капацитет на државата.
Жалам што констатацијата дека сите државни органи и институции се партизирани и функционираат само да го прикриваат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдува.Весна Бендевска, СДСМ.
„Кога ги правиме достапни за јавноста очекуваме сериозен ангажман од државните институции. Но, жалам што констатацијата дека сите државни органи и институции се партизирани и функционираат само да го прикриваат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдува.“
Политикологот Здравско Савески вели дека практицирањето на секлективна правда во Македонија е очигледно и со нагорна тенденција. Тоа го загрозува, како што вели, не само исполнувањето на европските стандарди, туку и остварувањето на демократијата и на добриот живот во земјата. Од друга страна, го заострува и политичкиот дијалог, ја намалува политичката култура и начинот на комуникација меѓу власта и опозицијата зашто говорот којшто го упатуваат кон политичкиот противник е се потежок и понавредлив
Демократијата подразбира културна цивилизирана комуникација. Ако тоа не го прават политичките фактори, тогаш и самите граѓани почнуваат недемократски и нетолерантно да комуницираат меѓу себе.Здравко Савески, политиколог.