Достапни линкови

Кражби во тетовско Беловиште


Домовите на жителите на тетовското село Беловиште, каде најчесто живеат повратници од прекуокенските земји, мета на крадци.

Дел од повозрасните жители на тетовско Беловиште во обид да спречат кражби во нивните домови си поставуваат видеоуреди со кои може да се идентификуваат осомничените. Таква снимка има и кражбата во куќата на 86 годишниот вдовец Милош Ристоски, повратник од Соединетите
Ова вака не е добар живот, се со страв, се со кражби. Тоа е срамота и греота. Луѓето останале само по еден-двајца во куќа и сега и тие да бегаат. Сега пак ли да бегам во Америка поради овие ограбувачи. И таму има секакви, ама не како овие.
Американски Држави. Бидејќи неговиот дом често пати бил мета на крадци, Ристоски, не можејќи да ги поднесе стресот и последиците од
крадците инвестирал во својата безбедност.

„Ова вака не е добар живот, се со страв, се со кражби. Тоа е срамота и греота. Луѓето останале само по еден-двајца во куќа и сега и тие да бегаат. Сега пак ли да бегам во Америка поради овие ограбувачи. И таму има секакви, ама не како овие.“

Споменатите видео-снимки им се предадени на сите надлежни и во тек е натамошна постапка. Од СВР Тетово информираат дека не само против идентификуваните крадци во Беловиште, туку и против сите други ќе бидат преземени конкретни и ефикасни мерки за нивно повикување на одговорност и за санкционирање. Со тоа ќе се даде придонес во сузбивањето на кражбите и во обезбедувањето на мир и спокојство на граѓаните во сопствените родни огништа. Според Ристоски државата треба да води сметка за граѓаните кои се занимаваат со нелегални дејствија како кражбите:

„Не е дека нема работа, туку не сакаат да работат и гледаат на лесен начин да земат пари и да украдат. И сакам власта да преземе остри мерки.“
Не е дека нема работа, туку не сакаат да работат и гледаат на лесен начин да земат пари и да украдат. И сакам власта да преземе остри мерки.

Случајот со Ристоски не е единствен. Некои од куќите со повозрасни жители во подљуботенското село Беловиште или во обновени куќи од наши сонародници исселени во прекуокеанските земји зачестено се мета на кражби и среде бел ден. За жал и покрај омасовувањето на оваа појава ниту еден од крадците не биле идентификуван од надлежните органни ниту повикан на кривична и друга одговорност. Тоа беше причина поголем дел од оштетените семејства и нивни блиски роднини да се самоорганизираат и сами да ги откријат и идентификуваат крадците, односно да поставуваат видео камери или да се обезбедат на друг начин од провалници.
XS
SM
MD
LG