Влегуваат по викендиците кога во нив нема сместено туристи, а газдите се отсутни. Крадат во вечерните часови, а со себе носат се вредно што ќе најдат од пари, до мебел, буриња, малтерници, бојлери. Ваквите случувања нанесуваат големи штети на руралниот еко-туризам кој се развива во подпелистерието, угостителите постојано се изложени на дополнителни вложувања, а и не се чувствуваат безбедно.
„Најголемата мака за селото и оние кои живеат овде или имаат вили се кражбите. Ако сакаме да развиваме туризам треба да имаме сигурност и
заштита“, вели Димитар Балојани, сопственик на вила во Магарево.
Тој вели дека кражбите траат подолго време, а освен тоа што се празнат викендиците им се прави и штета на објектите.
„Неверојатни кражби се случуваат откако почнаа да се градат викендиците. И полицијата не дава никакви податоци. Нема куќа каде не влегле, ограбуваат до паркет. Ете, кај соседот кој тука има вила, а живее во Битола два пати му го земаат бојлерот оти бил бакарен на дрва. Да не зборам дека не останаа повеќе казани за варење. Кај мене влегоа што не направија, украдија машина за малтер, буриња и на крај ми ги направија со горено масло за автомобили ѕидовите од салонот и спалната и го истурија внатре“, се жали Балојани.
Дел од викендашите и угостителите веќе ангажирале агенции за обезбедување. Жално е налетот на крадци да ја уништи туристичката сезона, сега кога селскиот еко-туризам почна навистина да заживува. Селата во подпелистерието имаат одлични предуслови- изобилство од тишина, чист планински воздух налик на водушна бања, можности за прошетки низ Пелистер, планински велосипедизам, искачување до глацијалните езера, врвовите. Тука опстојуваат десетина вили кои нудат автентично сметување и типична македонска кујна, а семејни вили има над стотина.

Нема куќа каде не влегле, ограбуваат до паркет. Ете, кај соседот кој тука има вила, а живее во Битола два пати му го земаат бојлерот оти бил бакарен на дрва. Да не зборам дека не останаа повеќе казани за варење. Кај мене влегоа што не направија, украдија машина за малтер, буриња и на крај ми ги направија со горено масло за автомобили ѕидовите од салонот и спалната и го истурија внатре.