Лоши сообраќајни врски, непоставена канализациона мрежа, бактериолошки неисправна вода од изворите, недостиг на сметувачки капацитети. Во вакви услови се одвива туризмот во Подпелистерието, едно од најубавите планински подножја во Македонија. Угостителите се жалат дека се одржува само саем на подпелистерски производи ианаку се соочуваат со недоволна подршка од државата. Овој регион ги опфаќа селата Дихово, Трново, Магарево, Нижеполе и Маловишта кои располагаат со природни и културни капацитети за развој на руралниот туризам. Неповторливи природни пејзажи, прошетки низ националниот парк Пелистер, сместување во планиски вили, традиционална храна, подпелистерска клима.
„Годинава се претставуваме со нашите домашни производи, со правење на домашно светло и темно пиво, традиционална домашна ракија, еколошко вино и домашни производи како тесто, зелници со зеље. Значаен е саемот, но не е доволен за комплетен развој на руралниот туруизам. Недостига малку поголема подршка од институциите на државата, пред се финансиска за зголемување на капацитетите. Во Дихово имаме потреба од повеќе сместувачки капацитети, а не можеме да ги опслужиме. Преку некој проект повеќе семејства да се ангажираат да го работат овој бизнис“, изјави Пеце Цветановски, угостител од село Дихово.
Од општината одговараат дека изработиле стратегија за развој на руралниот туризам, во чии рамки секоја година се одржува саем на подпелистерски производи. На годинешниот имаше дваесетина излагачи.
„Битола е меѓу првите општини која направи стратегија за рурален развој, во која целата е да се направи спој на производи и услуги одподпелистерието и тоа да се поврзи со бизнис секторот за да има одреден економски бенефит“, вели Виолета Налевска од битолската општина.
За подобрување на патната инфраструктура зашто тука патиштата се претежно тесни, од општината велат дека конкурираат до европските фоднови, но додега не успеале да повлечат пари.
„Редовно општината во рамки на сите повици од Европската Унија аплицираме, конкретно за рурален развој преку ИПАРД програмата. Очекуваме вториот повик да биде во септември, а за овие села се аплицира и до сите амбасади каде постојат отворени повици за средување на инфраструктурата“, додава Налевска.
Значаен е саемот, но не е доволен за комплетен развој на руралниот туруизам. Недостига малку поголема подршка од институциите на државата, пред се финансиска за зголемување на капацитетите.
„Годинава се претставуваме со нашите домашни производи, со правење на домашно светло и темно пиво, традиционална домашна ракија, еколошко вино и домашни производи како тесто, зелници со зеље. Значаен е саемот, но не е доволен за комплетен развој на руралниот туруизам. Недостига малку поголема подршка од институциите на државата, пред се финансиска за зголемување на капацитетите. Во Дихово имаме потреба од повеќе сместувачки капацитети, а не можеме да ги опслужиме. Преку некој проект повеќе семејства да се ангажираат да го работат овој бизнис“, изјави Пеце Цветановски, угостител од село Дихово.
Од општината одговараат дека изработиле стратегија за развој на руралниот туризам, во чии рамки секоја година се одржува саем на подпелистерски производи. На годинешниот имаше дваесетина излагачи.
„Битола е меѓу првите општини која направи стратегија за рурален развој, во која целата е да се направи спој на производи и услуги од
Во Дихово имаме потреба од повеќе сместувачки капацитети, а не можеме да ги опслужиме. Преку некој проект повеќе семејства да се ангажираат да го работат овој бизнис.