Македонија ќе влезе во Европската унија пред Турција, ете толку брзо напредува. Затоа ние уште од сега ви викаме „Аирлија“. На ваков начин турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се обиде да ја покаже поддршката која Турција и ја дава на Македонија во поглед на евроинтеграциите.
Прашањето за името кое претставува пречка за нашето членство и однесувањето на Грција го нарече неразбирливо и неправедно.
„Грчкиот став за нас е неразбирлив и неправеден. Грчкото име се знае, тоа е Грција, и во тој контекст Северна, Долна, Горна Македонија нема никакво разбирање таквото делување. Ваквите слични видувања, тоа се неправедни работи“, рече Ердоган.
Посетата на турскиот премиер е значајна за Македонија и таа покажува дека Турција е искрен пријател на земјава, рече премиерот Никола Груевски. Најави зајакнување на билатералните односи, но и заедничка работа со цел остварување на заедничките интереси.
„Ја истакнав и благодарноста од нашата нација до пријателската турска држава за почитувањето и поддршката на нашите права и интереси, за заштита на нашиот идентитет и уставното име Република Македонија“, рече Груевски.
Ердоган нагласи дека помеѓу Македонија и Турција не постои никаков проблем и дека нивната солидарност кон земјава ја покажуваат уште од прогласувањето на независноста на државава.
Турција секогаш ја поддржувала и ќе продолжи да ја поддржува Македонија на секое поле, рече Ердоган:
„Македонија е стабилна и просперитетна земја на Балканот и во Европа. Таа ги реализира сите свои обврски на еден сериозен начин и од тоа чувствуваме задоволство“, рече Ердоган.
Премиерите на двете земји разговарале и за продлабочување на економската соработка. Обемот на трговска размена кој годинава достигна 400 милиони долари, според турскиот премиер е мал и тој треба да ја достигне цифрата од една милјарда долари.
Во меѓувреме, аналитичарите посочуваат дека континуираното приближување на Турција кон земјите од Блискиот исток, нема да фрли сенка во билатералните односи Македонија-Турција, ниту пак ќе го намали нејзиниот интерес за Балканот. Турција е првата земја што ја призна независноста на Македонија и единствената која го употребува уставното име во мултилатералната комуникација.
Грчкиот став за нас е неразбирлив и неправеден. Грчкото име се знае, тоа е Грција, и во тој контекст Северна, Долна, Горна Македонија нема никакво разбирање таквото делување.Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.
„Грчкиот став за нас е неразбирлив и неправеден. Грчкото име се знае, тоа е Грција, и во тој контекст Северна, Долна, Горна Македонија нема никакво разбирање таквото делување. Ваквите слични видувања, тоа се неправедни работи“, рече Ердоган.
Премиерите разговарале и за продлабочување на економската соработка
Посетата на турскиот премиер е значајна за Македонија и таа покажува дека Турција е искрен пријател на земјава, рече премиерот Никола Груевски. Најави зајакнување на билатералните односи, но и заедничка работа со цел остварување на заедничките интереси.
„Ја истакнав и благодарноста од нашата нација до пријателската турска држава за почитувањето и поддршката на нашите права и интереси, за заштита на нашиот идентитет и уставното име Република Македонија“, рече Груевски.
Ја истакнав и благодарноста од нашата нација до пријателската турска држава за почитувањето и поддршката на нашите права и интереси, за заштита на нашиот идентитет и уставното име Република Македонија.Никола Груевски, премиер на Република Македонија.