Некогаш да бидеш постар командант на турската војска значеше да бидеш над се во државата која всушност беше обликувана од војник, Мустафа Кемал Ататурк. Но веќе не е така.
Иако Ататурк се уште е возвишена личност, барем официјално, позицијата на неговите модерни браќа по оружје драматично опадна.
Немоќта на армијата, инстиуција која некогаш уриваше и формираше влади особено се покажа на 29 јули кога четворица команданти, вклучувајќи го и шефот на Генералштабот Исик Косанер си дадоа оставки во знак на протест против затворањето на 250 офицери осомничени за заговор за соборување на владата на премиерот Ердоган.
„Војската направи огромни грешки и тие не криеја што имаат намера да сторат поради што неколку судови покрена постапка против нив. Сето тоа доведе до противење на јавноста во врска со натамошната вклученост на војската во политиката“, вели Менсур Акгун, политички аналитичар од Истанбул.
И покрај околу 700 апсења, досега никој не е обвинет за заговорничката операција Чекан во која покрај сегашни и пензионирани офицери се осомничени уште и новинари, адвокати и партиски лидери.
Критичарите велат дека аферата била засована врз фалсификувани докази. Гарет Џенкис, специјалист за безбедносни прашања од Истанбул, смета дека полицијата и партијата на Ердоган, уфрлале лажни докази за вмешаноста на војската:
„Судовите ослободија еден млад потполковник откако тој докажа дека полицијата му наместила лажни докази во неговиот дом. Секако, никакви мерки не беа преземни против полицијата поради тоа. Во Турција расте авторитаризмот и за жал земјата во моментов е многу далеку од демократија.“
Ваквото мислење го дели и главната опозициска Републиканска народна партија, која е формирана од Кемал Ататурк.
Потпретседателот на парламентарната група на оваа партија, Емине Улкер Тархан, деновиве изјави дека владејачката партија на опозицијата во Турција гледа како на терористичка или на илегална организација.
Вистинската цел, според оценките, е ослабување на противниците на Партијата на правдата и развојот и зголемување на моќта на премиерот Ердоган, кој порано беше исламист.
Многумина за неговиот план да го смени турскиот устав веруваат дека е дел од неговите намери да воведе претседателски систем во кој тој би станал шеф на државата.
„Она што се случува со војската е друг симптом на општиот пораст на авторитаризмот што се случи во Турција“, вели Гарет Џенкис, специјалист за безбедносни прашања од Истанбул.

Судовите ослободија еден млад потполковник откако тој докажа дека полицијата му наместила лажни докази во неговиот дом. Секако никакви мерки не беа преземни против полицијата поради тоа. Во Турција расте авторитаризмот и за жал земјата во моментов е многу далеку од демократија.