Достапни линкови

Турција - Бизнис на Балканот


Средба во Караѓорѓево на 26 Април
Средба во Караѓорѓево на 26 Април

Кога претседателот на Турција Абдула Ѓул во вторникот се сретна со колегите од Србија и од Босна и Херцеговина, неговата отворена цел беше намалување на етничките тензии и помагање во градењето доверба меѓу балканските соседи. Но, како што пишува Фајненшал Тајмс, паралелно со зголеменото надворешно политичко влијание растат и турските бизнис-интереси во регионот.

Исто како и австриските инвеститори кои на Балканот гледаат како на нивна природна територија, така и нивните историски непријатели, Турците сонуваат да го обноват поранешното Отомански трговско подрачје.

„Луѓето во регионот не ги сакаат Турците поради минатото“, вели Кристијан Микош, правник од Виена, додавајќи:

„Но, колку што западните инвеститори го губат интересот, толку Турците ќе ги собираат парчињата.“
Колку што западните инвеститори го губат интересот толку турците ќе ги собираат парчињата.

Во неодамнешните реклами, купувањето на Инвител, првично австриско, а подоцна и унгарско друштво за фиксни телекомуникациски врски низ Европа, од страна на Турк телеком се опишува како „враќање на Отоманската Империја во фиберглас“, се наведува во текстот на Фајненшал Тајмс, во кој се потенцира дека сите три турски мобилни мрежи имаат акции во Албанија, но и намери да се прошират низ Балканот.

Старомоден пробив?

Весникот додава дека турски компании и банки влегле во Албанија, Косово и северозападна Македонија. Сите беа дел од Отоманската империја до пред само 99 години, односно непосредно пред Првата светска војна. И додека главните австриски инвестиции беа во банкрството, турската моќ доаѓа од големите градежни проекти и старомодната увоз-извоз трговија. Веројатно, истите фактори кои ја направија турската економија еластична во глобалната криза, тулите и малтерот во комбинација со претпазливи кредитирања, важат и за порастот на турскиот бизнис на Балканот. Американско турскиот конзорциум Бешчтел Енка пробива паневропски автопат низ страшни планини во Албанија и на Косово.

Тројцата членови на претседателството на БиХ: Бакир Изетбеговиќ, Жељко Комшиќ и Небојша Радмнановиќ, српскиот претседател Борис Тадиќ и претседателот на Турција Абдула Ѓул, на самит во Караѓорѓево, Србија.

И српските инфраструктурни планови, без оглед на нерешениот спор околу суверенитетот на Косово, бараат продолжување на коридорот до централна Европа. Бечтел Енка, кои со свои екипи и машини се веќе на теренот, е силен фаворит за да ја добие зделката. Во тоа може да помогне и пофлабата на Анкара до претседателот на Србија Борис Тадиќ како регионален миротворец.

По првиот трипартитен претседателски самит во Истанбул во април минатата година, српската влада донесе контроверзна резолуција со која масакрот во Сребреница во 1995 се осудува како геноцид.

Горчина и блискост

Колебањата на Европската унија околу проширувањето ја направија посредничката улога на Анкара повеќе од значајна, вели турскиот амбасадор во Сараево Вехабит Оџак. Впрочем Босна и Херцеговина очекува голема помош од турскиот бизнис.

Од друга страна, лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, предупредува дека со тоа ќе следи и исламски фундаментализам, особено со оглед на поразот на секуларизмот на референдумот за уставот на Турција во септември лани.

Како и да е, за христијанските народи, речиси петвековната османлиска власт остави горчина, но и блискост, се наведува во текстот објавен во Фајненшал Тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG