Достапни линкови

Турско-македонска воена соработка


Коњановски - Ѓонул
Коњановски - Ѓонул

Турскиот министер за одбрана Веџди Ѓонул во Македонија. Воена помош за АРМ од Турција, во висина од еден милион долари.

Потпишување на договорот е чекор напред за воспоставување соработка на повисоко ниво во воената обука и во одбраната, а соработката ќе продолжи и ќе се зголеми во одбранбената индустрија, рече министерот за одбрана на Турција Веџди Ѓонул по потпишувањето на договорот за воено техничка соработка со неговиот македонски колега во минстерството за одбрана. Со овој договорот Турција во наредната година треба да и донира на Македонија воена помош по избор на земјава во висина од милион американски
Турција не е само првата земја која ја призна Македонија и прва испрати амбасадор, туку ја призна земјата со нејзиното илјадагодишно историско минато, а не со некоја кратенка
долари. Потсетувајќи дека Турција е прва земја што ја призна независноста на Македонија во 1992 година, Ѓонул повтори дека пријателството меѓу двете земји има потврдена традиција:

,,Турција не е само првата земја која ја призна Македонија и прва испрати амбасадор, туку ја призна земјата со нејзиното 1.000-годишно историско минато, а не со некоја кратенка."

рече Ѓонул.
Воената соработка на Македонија со Турција почна од 1993 година. Годината не можевме да ја затвориме меѓународната соработка со подобра средба отколку со нашиот докажан пријател, рече министерот Коњановски Турција, како што кажа, е еден од најзначајните партнери кој помага во изградбата на капацитетите на АРМ и во изминативе години
Ние сакаме што поскоро да бидеме дел од НАТО и знаеме дека еден од најсилните поддржувачи и партнери кои ни даваат поддршка на тој пат е Турција
има донирано опрема во вредност од повеќе од 16 милиони долари за македонската Армија. Нашата цел е што поскоро да станеме дел од НАТО, а за тоа ни требаат пријатели. Знаеме дека Турција е еден од нашите најсилните партнери кои ни даваат и ќе ни дадат подршка на патот кон Алијансата, истакна Коњановски:
Кољановски - Ѓонул

,,Недвосмислено нашиот пат кон НАТО интегрирањето продолжува, ние сакаме што поскоро да бидеме дел од НАТО и знаеме дека еден од најсилните поддржувачи и партнери кои ни даваат поддршка на тој пат е Турција."

Македонскиот и турскиот министер се согласија дека покрај географската одалеченост на нивните земји, народите се чувствуваат како најблиски соседи. Ѓонул ја нагласи и важноста на учеството на наши војници во странски мисии како во Авганистан, а Коњановски дека како резултат на соработката во одбраната која почна во 1993 година, денеска е изградена респектибилна Армија. Министерот Веџди Ѓонул беше примен и од претседателот Ѓорге Иванов, а попладнево е предвидена и средба со премиерот Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG