Достапни линкови

Турција и Иран - пријатели или ривали?


Западот е загрижен од доближувањето на Турција и Иран, но двете земји се во расчекор меѓу пријателството и ривалството.

Пријатели или ривали, соработка или борба за превласт врз муслиманските земји? Прашањата остануваат отворени, но она што го има меѓу Иран и Турција за земјите од Средниот Исток е итригантно, а за западните - пријателство за кое посакаауваат да можеа да го сопрат.

Туција е секуларна држава, земја членка на НАТО и им е многу важана на западните сили бидејќи се граничи со Иран, земја чија нуклеарна програма и геополитички амбиции се предизвик за Западот. Минатиот месец беше засилено гледиштето дека Турција се одалечува од Западот и се приближува кон соседите од Блискиот Исток.
Склоноста на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кон Иран и кон нејзиниот претседател Махмуд Аџмадинеџад, кој го опишува како свој многу добар пријател, создаде слика на новата оска Техеран-Анкара која дополнително се зајакна по нападот од израелска страна врз флотилата која носеше помош за Газа, при што загинаа 9 Турци. Инцидентот создаде впечаток на обединет турско-ирански фронт против Израел.


Кој ќе доминира, Техеран или Анкара?

Но сепак, некои аналитичари сметаат дека во целата ситуација има скриени намери, и дека новите односи се далеку од хармонични. Новиот ангажман на Турција на Блискиот Исток и отворената подршка на Палестинците би можело да ги предизвика иранските сомневања и повторно да го активира конкурентскиот однос меѓу двете земји.

Меир Јаведанфар кој е роден во Иран, а сега работи за една тинк-тенк организација во Израел вели дека новата политика на Турција кон Блискиот Исток, која вклучува приближување кон иранскиот сојузник Сирија преставува закана за желбата на Техеран да биде доминантна сила во исламскиот свет

„Двете земји се ривали за истата титула, кој да биде лидер на исламскиот свет. Иранците можат да понудат сет на економски и политички предности на земјите кои сакаакт да бидат со неа. Од друга страна, Турција има друг сет на предности кои се многу повеќе од оние кои ги нуди Иран.“

Јеведанфар вели дека кога станува збор за економска моќ, кога станува збор за воена моќ, кога станува збор за дипломатска позиција, Иран е инфериорен во однос на Турција. Па затоа ќе бара области каде може да биде супериорен, а секако една од ретките области е нуклеарната програма.

Мулан Билхан заменик претседател на истанбулскиот тинк-тенк ТАСАМ, а кој некогаш бил турски дипломат во Иран вели дека ’чудните‘ односи меѓу двете земји се согледуваат и во тоа што Анкара одби да посредува меѓу Иран и Соединетите Држави. Билхан смета дека Турција прифатила да посредува за Договорот за нуклераното гориво само затоа што Бразил така сугерирал.


„Иран се чувствува малку одвоен од западните врски, бидејќи тие се во рацете на Турција. Тие чувствуваат ривалство, конкурентот, и не сакаат Турција да биде посилна од Иран. Значи Турција за Иран е некој со кој делат заеднички работи, некој со кој не сакаат проблем, но и некој од кој несакаат да бидат совладани.“

Турски официјални лица велат дека имаат заедничките вредности со Иран, но и различни гледишта, како на пример гледиштето кон Ирак. Но и покрај тоа, турските дипломати сметаат дека Иран не треба да гледа ривал во Турција, туку некој кој може да го искористат да ги врати на разговори со меѓународната зедница
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG