Прелиминарните резултати засновани врз скоро сите преброени гласови, покажаа дека партијата на Ердоган освои околу 50 отсто од гласовите, што значи дека ќе има 326 од вкупно 550 места во новиот состав на турскиот парламент.
„Не е важно дали гласавте за Партијата на правдата и развојот или не, искрено кажувам дека сите партии во земјата се победници на овие избори. Турција победи уште еднаш“, изјави Ердоган.
Тој, пред неколку илјади приврзаници на партијата во Анкара, додаде:
„Нашиот народ не само што ни даде можност да владееме со земјата, но исто така ни испрати порака за донесување нов устав со консензус и преговори“, рече Ердоган.
Неговата партија е на власт од 2002 година и е обвинета од секуларистите во Турција дека се залага за исламизација на турското општество.
Ердоган, сепак, увери дека ќе биде гарант за сите начини на живот и вероисповед во Турција.
Тој вети дека ќе бара консензус од опозицијата и турското граѓанско општество за изработување на, како што изјави „нов либерален устав, достоен за Турција“ и се заложи за изнаоѓање решение за курдскиот конфликт.
Опозициската Републиканска народна партија на Кемал Калачдароглу доби речиси 26 проценти од гласовите и 135 мандати во Парламентот, додека Партијата на националистичко дејствие доби 13 отсто од гласовите и 54 места во Парламентот.
Другите партии не успеаја да го преминат десетпроцентниот цензус за влез во Меџлисот.
Во новиот состав на парламентот влегуваат и 36 пратеници од прокурдската Партија за мир и демократија, кои учествуваа како независни кандидати. Според законот, тие можат да формираат парламентарна група.
Професор Ченгиз Актар, аналитичар од Инстнабул вели:
„Добро е што курдска партија, преку независни кандидати влезе во Парламентот со повеќе пратеници отколку во претходниот состав. И тоа е дефинитивно предност за идниот дијалог. Но, дијалогот навистина не зависи од нив. Дијалогот зависи главно од Ердоган, односно дали тој ќе прифати да седне на маса.“
Професор Ченгиз Актар, наведува дека пред новата влада има големи прашања за решавање и затоа е неопходнa широк општествен консензус.

Нашиот народ не само што ни даде можност да владееме со земјата, но, исто така, ни даде порака за донесување нов устав со консензус и преговори.