Но, во текот на изминатите три години, пријателството го заменија постојани трвења, тренд што кулминираше со соопштението на Турција за остра промена во дипломатските односи и за суспендирање на врските меѓу двете земји.
Тоа им предизвика компликации на Соединетите Држави кои со децении скапо воено и економски инвестираат во двете земји. Од Исламската револуција во 1979 во Иран, Турција и Израел се осовина на американската политика во регионот.
За жал за Вашингтон, не е реално во краток рок да очекува повторно затоплување на израелско-турските врски. Ако ништо друго, тогаш за една работа, наведува Фајненшал тајмс: во прашање е националната и личната гордост, која му е важна не само на турскиот царски премиер Реџеп Таип Ердоган, туку и на неговиот тврдоглав израелски колега Бенјамин Нетанјаху.
Секоја страна треба да запамти дека нивниот најголем ривал во регионот е Иран. Како и тоа дека тие ќе немаат никаква корист доколку иранците излезат како конечен победник.
Уште поважни се структурните причини на тензиите. Односите меѓу двете земји секогаш беа непријатни и тешки, потпирајќи се повеќе врз контакти меѓу политичките, воените и разузнавачките елити на двете земји, отколку врз мрежа на доверба и соработка меѓу бизнисмените, уметниците, академиците и општествата во целост.
Откако Партијата на правдата и развојот на господин Ердоган ја презеде власта во 2002 година почна преструктуирањето на турската надворешна политика. Оваа партија ја позиционира Турција како мост меѓу Западот и муслиманските земји, став кој донесе поблиски односи со арапскиот свет и постудени врски со Израел.
За да ги контролира новите тензии, израелската влада треба да го преиспита нејзиното одбивање да се извини за смртта на осуммина Турци и и на еден американец со турско потекло за време израелскиот напад врз хуманитарната флота за Газа во минатата година. Исто така, мора да се признае дека блокадата на Газа е целосно несоодветна како долгорочна политика во регионот.
Од своја страна, Турција не придонесува за подобрување на работите откако извештајот на Обединетите нации за овој инцидент го оцени како ништовен и неважечки.
Сепак, секоја страна треба да запамти дека нивниот најголем ривал во регионот е Иран. Како и тоа дека ќе немаат некаква корист доколку иранците излезат како конечен победник, заклучува во коментарот весникот Фајненшал тајмс.