Министерството за надворешни работи е во консултација со европските партнери околу евентуалното гласање во ОН за иницијативата на палестинското раководство да издејствуваат признавање на независноста на нивната држава во ОН. По ова, како и по консултациите во рамки на министерството одтаму најавуваат дека ќе биде донесен став.
Според експертите, Македонија треба да ја следи Европската унија при евентуално гласање во ОН. Стојан Андов, кој има дипломатско искуство, укажува дека ние имаме таква обврска и како земја кандидат за членство во ЕУ:
„Мислам дека нашиот став треба да го усогласиме со ЕУ, припаѓаме во тој регион и кандидат сме и дури имаме и обврска по поголемите меѓународни прашања во меѓународната политика, да се усогласуваме.“
Некои аналитичари оценуваат дека на Македонија и е потребен неутрален став затоа што и со Турција и со Израел односите постојано ни се продлабочуваат. Познато е дека Турција го поддржува барањето на палестинското раководство за признавање. Во последно време Турција и Израел и дипломатските односи ги симнаа на ниско ниво по извештајот на ОН за поморскиот инцидент минатата година кога израелските сили пресретнаа хуманитарен конвој од бродови со турски знамиња.
Стојан Андов смета дека во овој момент настојувањето на Палестинците да издејствуваат признавање на своја држава во ОН, отвора сложени прашања и укажува дека доколку Палестинците прифаќаат преговори за решавање на спорот со Израел тогаш е помудро да се оддложи прашањето за да не се засили отпорот на Израел за било какви преговори и да не се заостри ситуацијата во Израел:
„Така што не знам дали е во корист на Палестинците една демонстрација која би одела во ОН каде тие очекуваат да добијат мнозинство, но може целата постапка да биде спречена со ветото од страна на САД, а тогаш ќе се искомплицира работата и околу преговорите.“
Политичкиот аналитичар Насер Зибери има спротивен став и смета дека заземањето страна не е непринципиелно:
„Македонија беше соочена со слично прашање така што треба да има позитивен став кон предлогот и да се изјасни позитивно.“
Израел и Турција се двете највлијателни нации на Блискиот Исток. Палестинското раководство потврди дека има намера да поднесе барање за пристапување во ОН за време на редовното годишно заседание на Генералното собрание, на 20 септември во Њујорк. САД меѓутоа укажаа дека на таа иницијатива ќе се спротивстават со вето во Советот за безбедност на ОН.
Мислам дека нашиот став треба да го усогласиме со ЕУ, припаѓаме во тој регион и кандидат сме и дури имаме и обврска по поголемите меѓународни прашања во меѓународната политика, да се усогласувамеСтојан Андов, политичар.
Според експертите, Македонија треба да ја следи Европската унија при евентуално гласање во ОН. Стојан Андов, кој има дипломатско искуство, укажува дека ние имаме таква обврска и како земја кандидат за членство во ЕУ:
„Мислам дека нашиот став треба да го усогласиме со ЕУ, припаѓаме во тој регион и кандидат сме и дури имаме и обврска по поголемите меѓународни прашања во меѓународната политика, да се усогласуваме.“
Некои аналитичари оценуваат дека на Македонија и е потребен неутрален став затоа што и со Турција и со Израел односите постојано ни се продлабочуваат. Познато е дека Турција го поддржува барањето на палестинското раководство за признавање. Во последно време Турција и Израел и дипломатските односи ги симнаа на ниско ниво по извештајот на ОН за поморскиот инцидент минатата година кога израелските сили пресретнаа хуманитарен конвој од бродови со турски знамиња.
Стојан Андов смета дека во овој момент настојувањето на Палестинците да издејствуваат признавање на своја држава во ОН, отвора сложени прашања и укажува дека доколку Палестинците прифаќаат преговори за решавање на спорот со Израел тогаш е помудро да се оддложи прашањето за да не се засили отпорот на Израел за било какви преговори и да не се заостри ситуацијата во Израел:
„Така што не знам дали е во корист на Палестинците една демонстрација која би одела во ОН каде тие очекуваат да добијат мнозинство, но може целата постапка да биде спречена со ветото од страна на САД, а тогаш ќе се искомплицира работата и околу преговорите.“
Македонија беше соочена со слично прашање така што треба да има позитивен став кон предлогот и да се изјасни позитивно.Насер Зибери, политички аналитичар.