Претседателот Барак Обама оцени дека доколку Вашингтон не успее да одговори на аспирациите на обичните луѓе на Блискиот Исток, тоа ќе го продлабочи верувањето дека американските интереси во регионот биле себични. Тој притоа го поддржа клучното палестинско барање, поврзано со границите на нивната идна држава.
Со тоа, Обама ја мина деликатната дипломатска линија меѓу американската поддршка за Израел и желбата да се излезе од деценискиот ќорсокак на лоши американски односи со арапскиот свет.
„Во време кога луѓето од Блискиот Исток и Северна Африка сакаат да се ослободат од товарот на минатото, желбата за траен мир со кој завршува конфликтот и се решаваат сите барања е поитна од кога и да е претходно.“
Обама рече дека американската посветеност за безбедноста на Израел е непоколеблива, но оти состојбата на статус кво е неодржлива и дека Израел мора да реагира храбро за да се дојде до траен мир.
„Она што Америка и меѓународната заедница можат да го направат е она што, искрено, секој го знае: трајниот мир ќе вклучува две држави за два народа. Израел како еврејска држава и татковина на еврејскиот народ и државата Палестина како татковина на палестинскиот народ.“
Обама го отфрли планот на Палестинците во септември да побараат од Обединетите нации да им помогнат во признавањето на државноста.
„Со симболични акции со кои се изолира Израел во Обединетите нации нема да се создаде независна држава“, наведе тој.
Веднаш по неговиот говор следуваше негативна реакција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во соопштението, тој оценува дека границите од 1967 се неодржливи и наведува дека со тоа ќе се загрози безбедноста, бидејќи големи еврејски населби на Западниот Брег ќе останат надвор од Израел.
Впрочем, израелскиот премиер тоа ќе може да му го каже на Обама в лице кога денеска ќе се состане со него во Белата куќа. Би било грешка да се мисли дека секој во арапскиот свет седи на работ на столчето и чека што ќе каже Обама.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас пак, изрази благодарност за напорите на Обама да ги продолжи мировните преговори за постигнување договор за статусот.
Но, портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри, говорот го оцени како разочарувачки, и изјави дека американскиот претседател не нуди ништо ново.
„Наместо пароли, Обама треба да преземе конкретни чекори за заштита на правата на палестинскиот и на арапскиот народ“, рече Абу Зухри.
И доцентот по арапска политика на Универзитетот Џорџтаун, Самер Шехата, смета дека Обама не успеал целосно да ги објасни недоследностите во американската политика во регионот.
„Би било грешка да се мисли дека секој во арапскиот свет седи на работ на столчето и чека што ќе каже Обама. Настаните во последните четири месеци покажаа дека историјата на арапскиот свет ја пишуваат самите арапи. САД имаат некое влијание врз тоа, но сигурно не се решавачки фактор“, изјави Самер Шехата.

Она што Америка и меѓународната заедница можат да го направат е она што, искрено, секој го знае: трајниот мир ќе вклучува две држави за два народа.

Би било грешка да се мисли дека секој во арапскиот свет седи на работ на столчето и чека што ќе каже Обама.