Пред официјалниот старт на блискоисточните преговори во Стејт департментот, претседателот Барак Обама се појави на подиумот во Белата куќа заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, палестинскиот претседател Махмуд Абас, шефот на египетската држава Хосни Мубарак и јорданскиот крал Абдула.
Тој на Нетанјаху и Абас им порача да не ја испуштат шансата за мир и ги приближи за да се ракуваат.
Притоа, Нетанјаху го нарече Абас партнер за мир, додека Абас изрази убеденост дека мировниот процес и покрај сите тешкотии ќе успее.
,,Напорната работа е само почеток. Можен е и успех и неуспех. Но, доколку не се обидеме, тогаш неуспехот е сигурен. Доколку двете страни не се посветени на овие разговори тогаш долготрајниот конфликт ќе продолжи и ќе собере уште една генерација што едноставно не смееме да го дозволиме.,,
Изјави Обама кој претходно имаше одвоени средби со Нетанјаху и со Абас кои ги оцени како многу продуктивни во врска со постигнувањето мир во регионот.
Тие треба да се обидат во рок од една година да постигнат договор за формирање на независна палестинска држава, но и стабилен Израел.
,,Сите губат ако нема мир. Дојдов тука да постигнеме мир кој ќе ни донесе трајна полза на сите нас. Не дојдов да слушам извинувања или да ги давам. Дојдов да најдеме решенија.,,
Изјави израелскиот премиер Нетанјаху. Од своја страна палестинскиот претседател Абас изрази уверување дека во текот на идната година е можно да биде постигнат мир.
,,Ние ја повторуваме нашата заложба за исполнување на сите наши обврски и упатуваме апел до израелците и тие да го сторат тоа, а пред се да ја замрзнат изградбата на сите еврејски населби на Западниот Брег.,,
Рече Абас. Но, надежниот почеток на преговорите падна во сенка по убиството на четворица израелци во градот Хеброн на Западниот Брег за што одговорноста ја презеде милитантното крило на Хамас.
,,Пораката до Хамас и до сите што ја преземаат одговорноста за ваквите грозоморни злосторства е дека нема да не запрат не само во заштитата на безбедноста на Израел, туку и во обезбедувањето долготраен и одржлив мир во регионот.,,
Изјави Обама. Израел и Плестинската управа во минатиот месец се согласија да ги одржат првите директни разговори од декември 2008 година.
Палестинците беа против ваквите средби се додека не бида прекината изградбата на еврејските населби.
Десетмесечната забрана за оваа активност истекува на 26 овој месец, а Израел веќе ги отфрли барањата за продолжување на мораториумот.
Освен ова прашање, тука се уште и границите на идната Палестинска држава, како и политичкиот статус на Ерусалим.

Напорната работа е само почеток. Можен е и успех и неуспех. Но, доколку не се обидеме, тогаш неуспехот е сигурен. Доколку двете страни не се посветени на овие разговори тогаш долготрајниот конфликт ќе продолжи и ќе собере уште една генерација што едноставно не смееме да го дозволиме.