Достапни линкови

Неоотоманската политика на Турција


Јашар Јакис, еден од основачите на турската владејачка Партија на развојот и правдата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Јашар Јакис, еден од основачите на турската владејачка Партија на развојот и правдата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Прегратката на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на арапските земји кои беа зафатени со револуции и заладувањето на односите со Израел фрлија нова светлина врз целите на турската надворешна политика. Тие, како што во интервју за Радио Слободна Европа наведува поранешниот шеф на турската дипломатија Јашар Јакиз, се насочени кон натамошно јакнење на демократијата во тој дел на светот.

Јашар Јакиз е еден од основачите на турската владејачка Партија на развојот и правдата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тој пред десетина години беше и шеф на дипломатијата, а во моментов е пратеник во турскиот парламент. Во интервју со новинарот на Радио Слободна Европа Абубакар Сидик тој ги објаснува целите на турската надворешна политика при што во врска со некои наводи дека станува збор за неоотоманска политика вели:
Турција е горда на својата секуларистичка практика и верува дека тоа и донесе многу работи од кои беа лишени другите земји.

„Напротив, ние никогаш не користиме ваква терминологија. Се обидуваме да ја избегнеме, бидејќи Отоманското наследство е негативно запаматено во земјите на Блискиот Исток. Затоа ние не сакаме враќање на Отоманскта империја, туку употреба на она што не поврзува уште од тоа време за подобро развивање на демократијата и на човековите права во регионот“.
Премиерот Реџеп Ердоган при посетата на Египет

Јакиз смета дека не би требало револуциите во различни арапски земји да се стават во ист кош, бидејќи во секоја од нив Арапската пролет имала различни прични. Затоа, како што додава, секоја земја ќе си има посебен развој.

„Турција е многу горда на својата секуларистичка практика и верува дека секуларизмот и донесе многу работи од кои беа лишени другите земји. Сепак, Турција не сака да ги поткупува тие земји со пари за да го прифатат нејзиниот модел. На нив е дали ќе сакаат да го прифатат“.
Ние никогаш не велиме дека Турција е рај на демократијата. Имаме наши слабости, но се обидуваме да ги корегираме и досега имаме постигнато многу.

Јакиз додава дека Турција ќе и помогне на секоја држава која ќе го побара тоа, бидејќи има големо искуство во секуларизмот, во почитувањето на слободите и демократијата.

„Ние никогаш не велиме дека Турција е рај на демократијата. Имаме наши слабости, но се обидуваме да ги корегираме и досега имаме постигнато многу. Турција веќе не е земја од 90-тите години“.

Според Јашар Јакиз, секуларната држава е најдобра гаранција за верата. На таков начин, како што вели, се елиминира меѓуверскиот судир, бидејќи обврска на државата е да биде подеднакво дистанцирана од сите религии. Што се однесува до односите меѓу Турција и Израел тој во интервјуто за Радио Слободна Европа наведува дека и покрај тоа што се заладени, дипломатските односи меѓу двете земји и натаму постојат.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG